Боја на косата што одговара според вашиот хороскоп!
Со доаѓањето на новата сезона, многумина од нас сакаат да направат промена на својот изглед, односно да ја променат бојата на косата. Врвните експерти креираа предлози за бојата на косата според карактеристиките на секој хороскопски знак. Во продолжение можете да дознаете за каква боја на коса би можеле да се одлучите според експертите кои ги креираа предлозите во согласност со познатите карактеристики на вашиот хороскоп.
Што вели вашиот хороскоп?
Овен
Првиот огнен знак во хороскопот заслужува огнена нијанса. Бакарните нијанси брилијантно ќе ја истакнат вашата смела, амбициозна и позитивна личност.
Бик
Шармантните, љубезни и непоколебливи припадници на овој знак се прилично традиционални во нивниот пристап кон убавината. Сепак, тие имаат и непослушна страна. Dip Dye техниката, односно прамени со контрастни нијанси кои изгледаат како да се потопени во кофа со боја, се одлична опција! Кога ќе ви здодее, можете едноставно да ја скратите косата!
Близнаци
Разновидните и љубопитни близнаци не бегаат од експерименти, па затоа ќе бидат подготвени да ризикуваат кога станува збор за бојата на косата. Познатите фризери препорачуваат припадниците на овој знак да ја потенцираат косата со пастелни прамени.
Рак
Лојален и интуитивен, познат како најемотивниот член на хороскопот. Богатата рубин црвена боја ја надополнува нивната топла личност.
Лав
Лавиците се чист оган! Алфа во секоја ситуација, вие сте кралица во вашиот круг на пријатели. Страствени, светли и сончеви бои се создадени за вас. Ако некој може да носи нијанса на мандарина, тоа сте вие.
Девица
Припадничките на овој знак се познати како големи перфекционисти кои особено ја ценат чистотата и уредноста. Не е ни чудо што тие се големи љубители на минималистички и едноставни решенија. Токму во нив славните фризери најдоа инспирација за платинеста руса боја што им ја препорачуваат на припадничките на овој знак.
Вага
Припадничките на овој хороскопски знак се вистински романтичари. Тие се шармантни и кокетни, затоа треба да изберат нежно розова боја за косата, бидејќи одлично одговара со нивниот карактер.
Шкорпија
Моќни, независни и незапирливи, такви се шкорпиите. Однадвор може да изгледаат застрашувачки, но тоа е само добра маска. Непослушна русокоса е одлична опција за припадниците на овој знак! Посветла горе, потемна долу – идеална комбинација!
Стрелец
Досадата никогаш не е во нивниот вокабулар! Енергични и разиграни, припадничките на овој хороскопски знак се подготвени да експериментираат. Една од опциите што им се препорачува е онаа во која тие ќе вметнат виолетово-сини прамени во косата. За нив тоа е само една во низата фризури што ќе ги испробаат оваа година.
Јарец
Горди сте на вашата претпазливост, практичност и одлучност, затоа црвените огнени нијанси што ви ги препорачуваат фризерите се малку надвор од вашата комфорна зона.
Водолија
Смелите избори не се непознати за припадниците на овој хороскопски знак, затоа што имаат тенденција да размислуваат надвор од рамките. Наместо да одите по трендови, едноставно изберете она што го сакате. Ако барате нови идеи, дефинитивно пробајте виолетови нијанси.
Риби
За членовите на овој хороскопски знак се верува дека се поврзуваат ментално и интуитивно со луѓе на длабоко ниво. Фризерите пронајдоа инспирација во морските длабочини за бојата што можат да ја создадат за храбрите „риби“. Нијансата аквамарин е вашата опција!