Романтичниот и весел мирис на карамелизирано јаболко, цитрус, гарденија, мошус и ванила – Nina на модната куќа Nina Ricci стана еден од најпопуларните парфеми за млади од неговото лансирање во 2006 година. Во 2019 година беше претставено изданието Nina Rouge како гурманска интерпретација на оригиналното издание, а во 2020 година Nina Rose како поп-розова, свежа варијанта, со што беше комплетирано Belles de Nina мирисното триото.
Неодолива дрскост!
Nina Rose Garden ја слави блескавата женственост и нуди неодолива дрскост! Rose Garden ја опфаќа сладоста на моментот на безгрижна радост на ден исполнет со сонце, како и неодоливиот здив на свеж воздух.
Мирисната композиција на Nina Rose Garden ја создаде мастер парфимерот Olivier Cresp како зелен, цветно-овошен мирис со акорди на трева, круша, нероли, ванила и мошус.
Големата памучна машна ја евоцира француската елеганција!
Шишето на парфемот е со иста мат розова боја како кај изданието Nina Rose, украсено со голема памучна машна која евоцира француска елеганција и атмосфера на пролетен пикник. Холандската манекенка Estella Boersma е заштитно лице на рекламната кампања.
Мирисот Nina Ricci Nina Rose Garden е достапен во шише од 50 мл, како Eau de Toilette.