- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Десет години од слоганот La Vie est Belle (Животот е убав), Lancôme го обнови својот безвременски манифест со зборовите: Oui, La Vie est Belle (Да, животот е убав). Брендот слави нова деценија од својот култен мирис со ново ексклузивно ограничено издание на парфемска вода.

Julia Roberts Oui, La Vie est Belle

Создаден да испраќа пораки на оптимизам преку емпатичното „Oui“ кое доаѓа од срце, јубилејното издание на парфемот Oui, La Vie est Belle е претставен со златен огномет. Кристалната насмевка е врежана во оригиналното легендарно стаклено шише и истакната со експлозивен мотив кој станува култен момент кога оживува небото. Визуелното претставување на мирисот е создадено да го подигне животот на ново, извонредно ниво.

За моментите кога велиме „Oui“ на смеењето!

За да ги реинтерпретира своите слогани, Lancôme уште еднаш одлучи да соработува со парфимерите Anne Flipo и Dominique Ropion, креаторите на парфемската вода La Vie est Belle од 2012 година. Тие се здружија за да создадат ново, славеничко издание и дополнително да ги истакнат благородните состојки на оригиналниот мирис.

- Реклама -

Lancôme perfumes

Моќниот оптимизам на зборот „Да“!

Животот цвета и пренесува „Oui“ свежина со сочни ноти од малина. Потоа, се открива огромен букет полн со цветови, во кој ирисот како гурманска рапсодија се спојува со трите најпрепознатливи цветови на овој бренд во дарежливи размери. Јасминот како симбол на љубовта, суптилно носи магнетна привлечност, додека иланг-иланг зрачи со својата симултана сензуална и малку зачинета енергија на сонцето и осветлува со топла и интензивна светлина. Есенцијата на роза, која во брендот Lancôme се добива од рачно набрани рози, пука во својот раскош и ја обвива сржта на овој мирис со скапоцени ноти на оваа добро позната кралица на цветовите.

Oui, La Vie est Belle ingredients

Оригинална примамлива алхемија!

После ова експлозивно „Да“ се ослободува оригиналната алхемија, која за прв пат блесна со својата привлечност пред една деценија: ирис и цветови од пачули зачинети со гурмански тонови. „Овие скапоцени елементи отсекогаш го сочинуваа мирисот La Vie Est Belle“, истакнуваат парфимерите Anne Flipo и Dominique Ropion. „Во новото издание, го зајакнавме нивното присуство со прилагодување на дозите, но и експериментирање со нови својства“. Новите есенции, креирани специјално за Lancôme, ги подобруваат природните квалитети на овие суровини: есенцијата на пачули открива интензивни дрвенести ноти, додека збогатениот цвет на ирис додава пудреста елеганција. Комбинацијата на овие две состојки во мирисот Oui, La Vie est Belle во исто време е посензуална, скапоцена и попримамлива од порано.

Lancôme bottle

Успешна приказна, реткост на денешницата!

La Vie est Belle живее 10 години непрекинат успех. Ова е доказ дека револуционерните мириси можат да бидат повеќе од добро прифатени меѓу жените доколку се слават и препознаваат. Уште кога мирисот La Vie est Belle беше лансиран во 2012 година, луѓето ширум светот ја препознаа неговата порака: мирис кој зрачи со среќа.

Иновацијата на слаткиот ирис во La Vie est Belle се покажа како достојна за својата револуционерна репутација благодарение на прецизноста на композицијата на мирисот во кој овој нов мирисен лик – благороден ирис исполнет со детска гурманска возбуда – ја збогати долготрајноста. Во срцето на мирисот се наоѓа цветот ирис, јасмин и цветот на портокал, кои зрачат со елеганција во сите свои ноти. Опојната есенција на пачулито остава елегантна, трајна, дрвенеста патека зачинета со својата гурманска неодоливост.

Lancôme perfume

Повеќе од мирис, среќата е неодолива!

Со новиот парфем Oui, La Vie est Belle се враќаме на нашите легендарни мирисни тонови во модерното производство на мириси. Со реинтерпретација на основните состојки на оригиналното издание и експериментирање со нови својства, оваа миризлива композиција станува уште понеодолива. Дестилат на чиста среќа, создаден да го покрени секој што го носи во следната деценија затоа што животот е убав – La Vie est Belle.

Oui, La Vie est Belle bottle Oui, La Vie est Belle package