- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Во ноември минатата година, Ariana Grande им се придружи на многу други познати личности во индустријата за убавина со лансирањето на нејзиниот бренд за убавинаR.E.M. Beauty.

Производи за убавина за сите кои сакаат да се чувствуваат неверојатно!

Ariana првата ултравиолетова колекција ја нарече – Chapter 1 – Ultraviolet – која вклучуваше 12 различни производи за храбар мејкап изглед инспирирани од вселената. Сега, Ariana Grande конечно го лансира своето второ поглавје – Chapter 2 – Goodnight & Go.

Толку многу ми значи што можам да создадам линија на производи за убавина за сите кои сакаат да се чувствуваат неверојатно. Шминката е толку лична и да имаш можност да им помогнеш на луѓето да се чувствуваат уште поубаво отколку што веќе се чувствуваат во сопствената кожа, а исто така да обезбедиш алатки кои ги поддржуваат и охрабруваат луѓето во нивната креативност и самоизразување е подарок што јас никогаш нема да земам здраво за готово“ – вели Ariana Grande.

Ariana Grande

Goodnight & Go

Второто поглавје вклучува нови врсти на производи, но сè уште присутна е високо пигментираната шминка што сите ја познавате и сакате.

- Реклама -

Размислете за повеќедимензионални бои, ултра-сензорни текстури и смирувачки сензации кои го трансформираат вашето секојдневие во блажено бегство. Сега влезете во нашата земја на чуда. Време е да кажеме добра ноќ“ – R.E.M. Beauty

Eyeshadow palette

Новото поглавје вклучува нови палети на сенки за очи – Midnight Shadow во три пролетни и шарени комбинации. Можете да создадете живописни илузии со изборот од шест мат и блескави нијанси што можете да ги носите од утро до вечер. Секоја палета со сенки е инспирирана од препознатливиот изглед на Ariana и има свиленкаста формула, која дава лесно чувство и максимална пигментација.

R.E.M. Beauty eyeshadow palette

Metallic gel eyeshadow

Со нанесување на очните капаци од гел сенката во пет нијанси, добивате повеќедимензионални ефекти кои блескаат како ѕвезди. Металик бојата лесно се лизга и спојува со кожата за максимален креативен израз. Иновативната водена формула нуди суптилно освежувачко чувство, удобен повеќедимензионален финиш што ќе ги направи ѕвездите љубоморни.

R.E.M. Beauty metallic gel eyeshadow

Eyeshadow gloss

Можете да добиете сјаен изглед на очните капаци и да ги осветлете очите со гел сјајот за очи, производ со кој практично нема да чувствувате тежина. Флексибилната, проѕирна формула се лизга и нуди мазна, влажна завршница со рефлектирачки светлосни ефекти, за да изгледате неверојатно од секој агол.

Ariana Grande eyeshadow gloss

Dream lashes

Завршниот допир на вашиот изглед направете го со новите два сета на вештачки трепки. Овие висококвалитетни – 3D вештачки трепки, изгледаат подобро од реалното. Бестежинските трепки даваат чувство на целосна удобност.

R.E.M. Beauty dream lashes

Cheek & lip stick

Нов и возбудлив мултифункционален стик за образи и усни во 10 нијанси за да го добиете сјајот на Ariana. Зграпчете го овој 2во1 балсам, лесен за употреба кога сакате сјајна боја со природен изглед на вашите образи и усни. Во составот има ултра-хидратантни состојки како маслото од семе од јојоба и екстракти од грозје. Кремаста формула и дава на кожата да дише и чувство на удобен финиш.

R.E.M. Beauty cheek&lip stick

Cooling blurring undereye balm

Брендот успеа да остане доследен на својот храбар фокус на очите кој отсекогаш бил потпис на Ariana притоа преземајќи нов возбудлив чекор во негата на кожата со разладувачки балсам кој помага во смирување и замаглување на несовршеностите во деликатната област под очите и помага да се намали изгледот на отеченост и да се намали појавата на темни кругови.

Ariana Grande cooling blurring undereye balm

Calming face mist

Смирувачкиот мист за лице со излив на космичка смиреност за кожа под стрес која ги обвива сетилата со смирувачки мирис на есенцијално масло од лаванда, а инфузијата од вода од камилица и помага на кожата да се чувствува мека и хидрирана.

Ariana Grande calming face mist

Lash & brow boosting serum

Серумот за зајакнување на веѓите и трепките кои допираат до ѕвездите, формулиран со биотин, помага да се промовираат видливо подолги, подебели трепки и веѓи само за 4 недели.

Ariana Grande lash&brow boosting serum

Каде може да се најдат?

R.E.M. Beauty производите можете да ги најдете на официјалната веб страна на козметичкиот бренд на Ariana Grande.

Ariana Grande