- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

После двата големи мирисни хитови – Cloud од 2018 година и Thank U, Next од 2019 година, популарната американска актерка и пејачка Ariana Grande ја претстави најновата мирисна креација од бајките. Мирисното издание на Ariana е инспирирано од хит песната R.E.M. од четвртиот албум „Sweetener“. Мирисот R.E.M. е дизајниран да ги прошири границите на вашиот универзум.

Нè прави да се чувствуваме похрабро!

R.E.M. е мирис кој не познава граници, ви дава сила и храброст да сонувате уште повеќе. Инспириран е од љубовта на Ariana кон космосот и универзумот и нè прави да се чувствуваме похрабро да истражуваме и да освојуваме што е можно повеќе.

Слатка, овошна, гурманска и ориентална композиција!

„Космичката“ композиција направена за оваа мисија е слатка, овошна, гурманска и ориентална, полна со изненадувања. Композицијата се отвора со ноти од дуња и смоква, комбинирани со солени карамели и акорд од зефир (Руска пуслица), проследена со смирувачка трендовска нота од лаванда и нежни и слатки цветови од круша. Слаткоста се смирува со мешавина од тонка, мошус и сандалово дрво.

- Реклама -

Стаклено шише опкружено со кристали!

Шишето на новиот Ariana Grande R.E.M. мирис е многу привлечно. Прекрасното стаклено шише е опкружено со кристали.

Мирисот Ariana Grande R.E.M. е достапен во количини од 30, 50 и 100 мл, како Eau de Parfum.