Меѓу новите мириси на брендот Mancera се изданијата Saharian Wind и Vetiver Sensuel, на кои им се придружува цветно пудрестото издание Feminity.
Радосна, раскошна и заводлива приказна!
Mancera Feminity е опишан како пудреста и овошна изведба, а воедно радосна, раскошна и заводлива приказна. Feminity е мирисна ода на женственоста, совршена за откривање на вашата аура.
Цветен и пудрест букет!
Композицијата на мирисот нуди интересен контраст што ја опишува силата на жената, акорди на кожа и кафе испреплетени со розова бибер и осветлени со сокови од мандарина. Со срцето владее цветен и пудрест букет од љубичици и хелиотроп во контраст со светлината на јасминот. Основата на мирисот се смирува со длабочината на мешавината од карамела и килибар, сандалово дрво, ванила, бел мошус и дабов мов.
View this post on Instagram
Feminity е достапен во шишиња од 60 и 120 мл како Eau de Parfum.