Кратка историја на лосионите за тело!
Креми за тело се користат од праисториски времиња до денес за кожата да биде мека и да се одржи младешки сјај. На почетокот се употребувале состојки како што се маслиново масло и животинска маст, но подоцна формулите се збогатени со минерални масла и вазелин, создадени во текот на производството на бензин. Денес, многу креми комбинираат употреба на антички состојки со напредни технологии кои се усовршени од модерната наука.
Луѓето користеле навлажнувачки креми пред 10.000 години кога нанесувале животински масти на кожата. Многу американски племиња исто така користеле животински масти за да ја задржат топлината. Жените во Латинска Америка користеле авокадо за да ја хидрираат кожата, додека во Бразил и Африка долго време користеле палмово масло.
Маслиновото масло исто така било популарно како хидратантно средство меѓу старите Грци. Според записите на Хомер, Хера нанесувала мирисливо маслиново масло на кожата пред да го заведе Зевс. Некои жени користеле облоги од млеко и леб на лицето во текот на ноќта како третман за подмладување, додека Хипократ рекол дека медот на лицето обезбедува “свеж изглед”. Познатиот римски лекар Гален бил првиот кој развил ладна крема која ја создал околу 200 п.н.е. топејќи восок од пчела во масло од роза, додавајќи вода.
Лосионите за тело денес!
Во последниве 50 години се развиени стотици илјади врсти на креми за тело. Кај многу креми се избегнува употребата на состојки од животинско потекло и се повеќе се базираат на состојки од растително потекло како што се кокосово масло и палмово масло. Сепак, употребата на вазелин останува популарна, како и употребата на минералните масла. Многу од формулите користат ретинол, витамини и минерали за да помогнат во намалувањето на брчките, подобрување на тонот на кожата, но вклучуваат многу други бенефиции освен самата хидратација.
Лосиони кои мирисаат како парфемите!
Се повеќе жени избираат лосиони и креми за тело кои убаво мирисаат. Нивната заводлива формула која трае со часови е многу пријатна за кожата и е неизоставен дел од бјути рутината на многу жени. Посебно е важно мирисот на омилениот парфем и лосион или кремот за тело да се соединат и да формираат единствена мирисна целина која ќе биде еден вид на стилски потпис на секоја жена, поради што на пазарот веќе подолго време се присутни лосиони и креми кои настанале по формулите и мирисните ноти на вашите омилени парфеми. За вас ги издвојувам најубавите на кои навистина тешко е да им се одолее.