- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Пред неколку дена беше потврдена веста која се шпекулираше подолго време – Byredo го продаде најголемиот дел од компанијата на Puig. Наводно се работи за купување во вредност од една милијарда евра. Првично се шпекулираше дека францускиот L’Oreal ќе го купи брендот Byredo, но тоа не се случи и новиот мнозински сопственик сега е шпанскиот Puig.

Byredo niche perfume

Приказна за Byredo niche парфемите!

Доколку сè уште не сте слушнале, Byredo беше шведски бренд, препознатлив по висококвалитетни и луксузни niche парфеми што постоеше од 2006 година. Творецот на брендот – Ben Gorham е многу карактеристична личност, а роден е во Шведска. Неговата мајка била Индијка, а татко му Канаѓанец, поради што пораснал во Торонто, подоцна Њујорк и Стокхолм. Иако студирал уметност, тој се посветил на создавање парфеми кои секогаш биле инспирирани од неговите егзотични патувања.

Неговата главна инспирација беа патувањата во Индија, каде што беше маѓепсан од мирисот на зачините и темјанот. Тој ги поврза овие ориентални мириси со нордискиот минимализам, држејќи се до изреката „помалку понекогаш е повеќе“. Од 2006 година до денес, Byredo стана животен стил, а не само бренд, бидејќи денес во својот асортиман, покрај парфеми, нуди и шминка, домашни мириси и производи за нега на тело. Дизајнерот се има пробано и во модни предмети и додатоци, па дури и кожна галантерија, очила и чевли.

- Реклама -

Без разлика на целата понуда, Byredo беше најпознат по своите парфеми кои се едни од најпознатите во светот, а повеќе за секој може да прочитате ОВДЕ.

Byredo niche perfume

Како шпанскиот Puig ќе продолжи да го развива Byredo?

Од друга страна Puig, како еден од лидерите во областа на модните и брендовите за убавина, постои повеќе од 100 години, со седиште во Барселона. Под чадорот на оваа шпанска компанија, во мнозинска сопственост се некои од најголемите луксузни брендови како – Nina Ricci, Paco Rabanne, Carolina Herrera и многу други.

Byredo niche perfume

Со оглед на тоа што последниве неколку години брендот Byredo рапидно растеше, ова можеби беше најдоброто време за продажба. Единствено останува да видиме како Puig ќе продолжи да го развива познатиот niche бренд. Судејќи според нивната изјава се чини дека нема страв, бидејќи ќе продолжат да го поддржуваат и зајакнуваат развојот на Byredo.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BYREDO (@officialbyredo)