- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Еден од најкорисните мејкап производи во козметичкиот несесер на секоја жена дефинитивно е коректор. Тој ни помага да ги прикриеме несовршеностите, изедначиме тенот на лицето… Да ги замаскирате акните, но исто така да ја намалиме видливоста на темните кругови, кои не нè оставаат на мира. Но, дали знаете за трикот со кој се прикриваат малите несовршености на кожата, со коректор кој воопшто не се приметува, односно изгледа изблендирано, неверојатно природно и како втора кожа?

catrice коректор

Мејкап тренд кој се нарекува micro-concealing!

Овој совет е корисен кога имате целосна шминка, но исто така кога не сакате да ја оптоварувате кожата со мејкап, но сепак посакувате да ги прикриете тие неколку „предавнички“ акни кои паѓаат во очи. Се работи за мејкап тренд кој се нарекува micro-concealing, а идејата е со правилна техника на камуфлирање на несовршеностите и со помош на коректор кој природно ќе се стопи со кожата и ќе стане невидлив. Трикот особено ќе им се допадне на жените кои со коректор се обидуваат да ги камуфлираат недостатоците, но на крај се случува истиот коректор да дојде уште повеќе до израз на местото кое сакавте да го камуфлирате.

нанесување на коректор

- Реклама -

Кои се причините за незадоволство од користењето на коректорот?

Причините за незадоволство можат да се кријат во апликаторот кој го користите за нанесување на коректор (на пример, претерано размачкување на коректор со прсти) или користите прекумерна количина на коректор за да се прикријат акните. Покрај тоа, факт е дека со прст се нанесува коректор на голема површина и не е подобно за прецизно прекривање на минијатурни недостатоци на лицето.

Во што е тајната на трикот за кој ви пишувам?

За micro-concealing првенствено ќе ви треба многу тенка четка (уште потенка од онаа која е наменета за нанесување на коректор – некои мејкап артисти за оваа цел користат најпрецизни четки за очи). Со четка се нанесува многу мала количина на коректор, а потоа со нејзиниот врв многу лесно и нежно се тапка на микро-зоната која сакате да ја камуфлирате. Последниот чекор ги вклучува прстите, така што лесно се тапка за да се изблендира до совршенство и да се стопи со кожата.

Како до најдобри резултати?

Целта е да се имитира природен изглед на лицето и да се создаде илузија дека нема мејкап производи на кожата. Наместо со шминка да се прекрива голема површина на лицето, micro-concealing ограничено се нанесува на несовршеностите кои ве мачат, за беспрекорно да ги камуфлирате. Овој трик ќе ви даде најдобри резултати ако користите коректори кои имаат сува текстура и добра покривна моќ, бидејќи побрзо го даваат посакуваниот ефект. Catrice и Maybelline коректорите се добар пример.

maybelline коректот