Mugler лансираше нов женски парфем Alien Goddess Eau de Parfum Intense со концепт на мирис кој го претставува спојувањето на Сонцето и Земјата.
Ова издание претставува продолжување на парфемската едиција Alien наменета за помладата популација која допрва треба да го запознае Mugler како бренд. Претходното издание Alien Goddess вклучуваше ноти на бергамот, јасмин, ванила и кашмир.
Сјае со зголемена и вжештена енергија!
Одејќи чекор подалеку во вонземјанското сонце, парфемската вода Mugler Alien Goddess Intense сјае со зголемена и вжештена енергија. Како ветување за сјајно изгрејсонце кон пооптимистичка иднина.
Мирисниот потпис и новото шише со боја на килибар го втурнуваат Alien Goddess Intense Eau de Parfum во универзален повик до сите жени да го прифатат необичното! Новиот мирис за жени ги засилува привлечните ноти на калабриски бергамот, јасмин Grandiflorum и ванила бурбон – препознатливите ноти на култниот Alien мирис, со цел да донесе сензуалност и смелост.
Цветен и дрвенест мирис со нијанси на килибар!
Alien Goddess Intense е цветен и дрвенест мирис со нијанси на килибар. Се отвора со бергамот збогатен со акорд од кокос, кој во срцето се среќава со јасмин и чај од јасмин. Композицијата е заокружена со ванила, бензоин и кашмир.
Alien шише!
Фацетиран талисман, препознатливото Alien шише е магичен предмет со кој Alien Goddess го разубавува светот. Како скапоцен камен ја открива вибрантната боја на килибар на Alien Goddess Eau de Parfum Intense. Светлината ја пробива стаклената површина со интензивна рефлексија, украсена со златен ombré ефект за да ја рефлектира нејзината светлина.
Како ветувањето за изгрејсонце за оптимистичка иднина, сензуалното и живописно шише евоцира блескава женственост.