Постојат многу клучни зборови во индустријата за убавина кои ентузијастите најчесто ги бараат. Секој производ ветува дека ќе го потенцира вашиот внатрешен „сјај“ или ќе делува „преку ноќ“ додека спиете. Но, зборот „издржливост“ најмногу е во фокусот на ентузијастите што во последно време го бараат. Ветувањето дека шминката ќе остане непроменета во следните 8 часа е многу амбициозно, нели? Но, ако некои мејкап производи навистина можат да издржат патување во јавен превоз, работен ден со маска на лицето и дождовна бура од патот од работа до кафулето за да се сретнете со некоја пријателка, тие мејкап производи дефинитивно ќе завршат на листата на производи што мора да ги имате, особено ако станува збор за пудра.

Посакуваме пудрата да трае вечно!

Туш за очи, маскара и сенка за очи многу често можеме да ги пронајдеме во нивните долготрајни и водоотпорни верзии, но пудрата е единствениот производ што всушност сакаме да трае вечно. Кога пудрата започнува да избледува и кожата веќе го нема оној прекрасен сјај и изедначеност, веќе не е важен фактот што вашите трепки изгледаат беспрекорно. Без оглед дали барате пудра што нема да ја извалка вашата омилена кошула или од пудрата посакувате да биде издржлива додека сте во движење, во продолжение ги издвоив најдобрите и најиздржливите пудри што нема да ве разочараат. Некои се збогатени со дополнителни состојки за негување и заштитен фактор за дополнителна заштита на кожата на лицето.

Yves Saint Laurent

Yves Saint Laurent All Hours Longwear Natural Matte Foundation

Estée Lauder

Estée Lauder Double Wear

Bobbi Brown

Bobbi Brown Skin Long-Wear Weightless Foundation SPF 15

MAC

MAC Face & Body Foundation
- Реклама -