- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Промената на сезоните секогаш е добар изговор за да го преиспитате видот и потребите на вашата кожа и уште еднаш да ја корегирате вашата рутина за нега на кожата. Падот на температурите и влажноста се карактеристични за есента и обично значи дека време е да ги замените вашите омилени производи за летна нега со оние што се малку „похранливи“. За време на есента тоа обично го постигнуваме со масни креми, повеќе хранливи серуми, но и со сите оние „посилни“ активни состојки, кои инаку се фотосензитивни (ретинол, АХА киселини). Во продолжение можете да ги погледнете производите што треба да ги промените во вашата есенска рутина за нега!

Есенска нега на кожата: Чекор по чекор!

#1 Заменете го гел кремот со побогата-похранлива верзија!

Лесните лосиони и гел креми базирани на вода можат добро да ја хидрираат кожата во текот на летните месеци, но штом ќе дојде есента, ќе посакате да ја зголемите хидратацијата. Со постудените месеци обично доаѓа сувата кожа, а вашиот крем ќе мора да одговара на сите предизвици. Гел кремот чувајте го за пролетните денови, а за оваа есен набавите повеќе хранлива и побогата крема.

#2 Заменете го силниот чистач со понежен!

Во текот на летото, користевме посилни и поагресивни средства за чистење, кои длабоко ја чистеа кожата од пот, себум и креми со заштитен фактор. За време на есента, не ни треба толку интензивно чистење секој ден, затоа ви предлагам да изберете хранлив кремаст чистач или да пробате со методот „double-cleansing“ со помош на масло и пена за чистење на лице. Изберете чистачи за лице кои содржат хијалуронска киселина, глицерин и други навлажнувачки супстанции.

- Реклама -

#3 Заменете го лесниот серум со производ против стареење!

Се надевам дека во текот на летото ги избегнавте дамките и хиперпигментацијата, но дефинитивно ве советувам барем првиот дел од есента да го посветите на осветлување на кожата. Изберете квалитетен серум против стареење кој содржи витамини, гликолна киселина, Alpha Arbutin и други состојки кои се борат против безживотниот тен, неизедначениот тен, дамките и другите проблеми со кожата.

#4 Воведете интензивен крем за ноќна нега!

Искористете го периодот кога кожата самата се регенерира со примена на хранлива ноќна крема, полна со активни состојки кои помагаат во регенерација на клетките. Нека вашиот ноќен крем за есен содржи пептиди, ресвератрол, растителни масла, церамиди и други состојки кои ќе ја обноват кожата во текот на ноќта.