Најновиот додаток на Tom Ford „high-end“ мирисната колекција Private Blend е парфемот Bitter Peach. Новиот мирис Bitter Peach како и претходното издание Lost Cherry ја обработува темата на сочно и слатко овошје. Bitter Peach предизвикува со мирисот на зрела праска. Тој е опишан како опасно раскошен и еротски, мирис кој е збогатен со раскошни ароми и зачински ноти на кардамон.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by TOM FORD BEAUTY (@tomfordbeauty) on

Сладок и сензуален, но исто така со богат карактер!

Аромите на зрела праска се мешаат со сицилијански црвен портокал, есенцијално масло од Давана, ароми на рум и коњак, индонезиски пачули, сандалово дрво и ванила. Парфемот е опишан како сладок и сензуален, но исто така со богат карактер, со изразени дрвенести и смолести подтонови.

Tom Ford Bitter Peach доаѓа во шишенца од 50, 100 и 250 мл, како Eau de Parfum.

- Реклама -
Tom Ford FW 2020 Campaign