Versace Pour Femme Dylan Blue беше лансиран во 2017 година како пандан на машкиот парфем Dylan Blue од 2016 година. Оваа цветно-овошна композиција Donatella Versace ја посвети на жените кои се „свесни за моќта на нивната сензуалност и ум“.
Dylan Turquoise – инспириран од бегството на далечен остров!
Брендот Versace лансира ново издание на овој женски парфем – верзијата Versace Pour Femme Dylan Turquoise – инспирирана од бегството на далечен остров.
Сензуален, младешки и свеж!
Опишан како сензуален, младешки и свеж, новиот Dylan Turquoise е создаден од парфимерката Sophie Labbé. Мирисната композиција балансира освежувачка и сочна мандарина со лимон и траги од дрвенести ноти и мошус. Овошните акценти на црната рибизла и егзотичната гуава се мешаат со цветни тонови на јасмин и фрезија.
Bella Hadid и Hailey Bieber заштитни лица на парфемот!
Заштитни лица на рекламната кампања за новиот женски мирис Versace Pour Femme Dylan Turquoise се Bella Hadid и Hailey Bieber. Кампањата беше снимена на осамен остров крај брегот на Сардинија и го доловува летното расположение.
View this post on Instagram
Шише во форма на амфора!
Заоблениот дизајн на шишето е направен за да потсетува на керамички сад – амфора.
Мирисот е достапен во шишенца од 30, 50 и 100 мл, како Eau de Toilette.