- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Пријатели (Friends) e една од најпопуларните серии во историјата. Снимањето на серијата заврши пред 16 години, но повеќето од нас и ден денес ги гледаат епизодите по којзнае кој пат. Иако напамет знаеме што ќе каже секој лик во многуте епизоди, одново се смееме на секое ново гледање. Но, она што особено ги израдува фановите од целиот свет е лансирањето на колекција на шминки инспирирана од серијата Пријатели, а зад неа стои брендот Revolution Beauty.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Revolution Makeup (@makeuprevolution) on

Мејкап колекција инспирирана од стилот на пријателите!

Во мејкап колекцијата секој производ претставува една од актерките, користејќи ги нивните карактеристики, стил, но и начинот на кој се шминкаа во серијата.

Рејчел, Моника и Фиби имаат своја палета на сенки за очи и кармин. Колекцијата е збогатена со голема палета на сенки за очи што личи на филмска клапа во која нијансите се именувани според сите ликови од серијата и шест сјаеви за усни кои се именувани по Рејчел, Моника, Фиби, Рос, Џои и Чендлер.

- Реклама -

Фиби

Палетата на сенки за очи инспирирана од Фиби на пакувањето има жолто такси што таа го наследи од нејзината баба и го возеше во серијата, а несесерот и капачето од сјајот за усни се украсени со мали јастози потсетуваат на епизодата во која Фиби му објаснува на Рос дека Рејчел е неговиот јастог. Името на една од нијансите на сенките за очи е наречена Smelly cat, што е насловот на нејзината најпозната песна. Постои и нијанса Science boy која е инспирирана од името на стрипот што Фиби му го украде на Рос додека биле деца.

Моника

На палетата од Моника има виолетова врата со жолта рамка како од нејзиниот стан, а некои од имињата на нијансите на сенките за очи се однесуваат на нејзината професија како готвач. Нијансата Chicken е инспирирана од сцената во која Моника има огромно пиле на главата за да го развесели Чендлер. Нијансите Thanksgiving и Geller Cup се инспирирани од името на трофејот што и го додели нејзиното семејство на натпреварот организиран за Денот на благодарноста.

Рејчел

Палетата на сенки за очи инспирирана од Рејчел го има логото на легендарното кафуле Central Perk и портокаловиот кауч на кој пријателите ги минуваа деновите, а Central Perk беше првото работно место на Рејчел. Сенките за очи во оваа палета се именувани по нејзините момчиња: Chip – момчето кое ја одведе Рејчел на матура и Tag – асистентот со кој беше во врска. Тука се и неизбежните нијанси Shopping, омилената продавница Barneys, но и незаборавната реченица – On A Break.

Каде може да ја набавите мејкап колекцијата Пријатели?

Целата колекција можете да ja набавите на веб-страницата на брендот Revolution Beauty, а на вистинските обожаватели ќе им биде тешко да се решат за само еден производ. Покрај шминките можете да купите и рачно огледало, неколку видови несесери и стегачи за коса!