Lady Million – еден од бестселерите на колекцијата на парфеми на брендот Paco Rabanne, добива нова, интензивна верзија најавена како богат соларен, цветен мирис, каде белите цветови се потопени во длабока, заводлива основа. Lady Million Fabulous доаѓа по мирисот Lady Million Empire – луксузен и сензуален цветен мирис кој заведува со деликатна доза на коњак и овошни ноти.

Lady Million Fabulous night party

Lady Million Fabulous fragrant line

Kралица на ноќта – Lady Million Fabulous

Животот е прекрасен. Време е да блеснете! Откријте го новиот женски мирис од Paco Rabanne, Lady Million Fabulous – кралицата на ноќта. Кога забавата е во тек, парфемот е нејзината моќ: длабоко чудесна и облечена да воодушеви“ – од официјалната веб-страница на Paco Rabanne.

- Реклама -

Мирисна композиција останува верна на цветот од јасмин!

Новата мирисна композиција останува верна на цветот од јасмин од претходните креации, но сега комбиниран со тубероза и соларен ylang-ylang. Сочност и динамичност се обезбедени со блескавите ноти на мандарина и розов бибер на почетокот. Заводлива топлина и кремаст допир доаѓаат од пријатна комбинација на ванила, врамена со елегантни акорди од мов и тонка зрна.

Lady Million Fabulous composition

Шише со дух на забава!

Шишето го повторува обликот на Lady Million изданијата, овој пат облечено во светло црна боја во комбинација со златна боја. Екстравагантно, волшебно и заводливо, со дух на забава што сјае длабоко во ноќта.

Paco Rabanne Lady Million Fabulous е достапен во 30, 50 и 80 мл, како Eau Parfum Intense.

Lady Million Fabulous bottle and box Lady Million Fabulous bottle top

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Ве молиме внесете го вашиот коментар!
Ве молиме внесете го вашето име