На изненадување на бјути ентузијастите Kylie Jenner лансира козметичка линија со хорор тематика наречена A Nightmare on Elm Street.
Козметичка линија со тема од хорор филмот A Nightmare on Elm Street!
Кога размислуваме за гламурозни филмски ликови од 80-тите кои се здобија со иконски статус, можеби ќе помислите на Lisa од Weird Science, Elvira Hancock од Scarface или Michelle Pfeiffer од Witches of Eastwick.
Секако, тука се вбројува и Freddy Krueger од A Nightmare on Elm Street! Самата Kylie инспирирана од ова ремек дело, во неочекувана соработка се здружи со иконскиот филм од 1984 година за козметичката линија со хорор тематика – Kylie X A Nightmare on Elm Street.
Соработка на Kylie по повод најстрашниот месец во годината – Ноќ на вештерките!
Таа објави неверојатна фотографија на Инстаграм на која носи костим направен да личи на кожата на Freddy Krueger со лузни од изгореници. Нејзината коса кулминира со елегантни шишки разделени на четири дела. Се разбира, нејзиниот маникир е креиран од многу долги, металик сребрени нокти што потсетуваат на познатата ракавицата на Freddy.
Фотографијата всушност е направена за новата соработка на Kylie Cosmetics со A Nightmare on Elm Street по повод најстрашниот месец во годината – Ноќ на вештерките. Во своите Инстаграм приказни, Kylie ги претстави сите производи во колекцијата придружени со морничава музика.
Мејкап производи за твоите соништа!
Производите доаѓаат спакувани во кутија направена да личи VHS видео касета како референца за домашните видео касети што ги изнајмувале гледачите во времето на објавувањето на филмот.
Сетот Lip Shine Lacquer содржи три розово-црвени нијанси на течни кармини со кремаста формула и сјаен финиш, а амбалажата изгледа како да е испрскана со крв.
View this post on Instagram
Следува палета на сенки за очи која содржи 12 нијанси со мат, светкав и металик финиш.
View this post on Instagram
Lip & Cheek Jelly Stain е гел за усни и образи, за кој Kylie вели дека новата формула има водена текстура и дава природен изглед на боја.
View this post on Instagram
Колекцијата вклучува вештачки трепки разделени во четири сегменти за беспрекорен спој на вашиот мејкап изглед со најстрашниот месец во годината – Ноќ на вештерките!
View this post on Instagram