- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Не можеме да замислиме подобар начин да го разубавиме нашето расположение, од пријатното чувство кога на ноктите го имаме еден од најубавите маникири за нокти.

Сонувачки тренд на ноктите!

Има голем број трендови кои допрва треба да ги пробаме, но маникирот кој потсетува на облаци е прв на нашата листа на желби. Овој тренд баш е онаков како што звучи – сонувачки! Веселите бели облаци во комбинација со нежни сини или розови тонови се инспирирани од небото за време на живописен летен ден. Ова дефинитивно ќе ни помогне да го задржиме летното расположение уште некој ден или неколку недели.

Реално исцртани или посуптилни верзии на облаци го прават овој сонувачки маникир!

Од навистина реално исцртани облаци на небесно сини позадини до многу поапстрактни и пригушени верзии за оние кои претпочитаат посуптилен маникир. На пример, нежни пастелни розови нијанси и боја на лаванда, заедно со млечни, мермерни завршетоци се совршен маникир за оние кои сакаат минимализам. Овој изглед на ноктите одговара на различни должини и форми, а на секоја форма или должина остава малку поинаков впечаток.

Обожавателките на овој тренд ги сакаат апсолутно сите варијации!

Трендот го започна Alicia Torello – уметник за нокти, која вели дека сега за неа облаците се насекаде. Нејзините омилени интерпретации комбинираат светли бои, како бебешка сина или розова, со бели омбре облаци и разиграни детали како ѕвезди. Обожавателките на овој тренд во маникирот ги сакаат апсолутно сите варијации, затоа што нудат по нешто за секого.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alicia Torello (@aliciatnails)

- Реклама -

Инспирација за вашиот нов тренди маникир!

Во продолжение ви носам неколку примери, од очигледни облаци до оние кои пристојно се преливаат, за вашата нова тренди инспирација на маникир.

облаци на ноктите

маникир облаци

облаци на ноктите

облаци на ноктите

маникир облаци

облаци на ноктите

тренд нокти

тренд маникир

маникир облаци

облаци на ноктите

тренд маникир

тренд маникир

тренд нокти