- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Веројатно и вие, без разлика каква течна пудра користите, честопати сакате да ја „одморите кожата“ од пудрата, па затоа се решавате за ден без шминка.

Фотографијата не е обработена!

Оваа година ни носи новини во индустријата за шминкановата формула на L’Oreal Paris True Match течната пудра, која ни обезбедува посакувана покривност и издржливост, но во исто време помага на вашата кожа. Тоа е одличната вест, ако се земе во предвид колку време и пари трошиме, прво на производи за нега на кожата, нејзина хидратација, а потоа посебно на производи за шминка.

Иднината на мејкап индустријата!

Новата формула на течната пудра True Match е составена од дури 80% навлажнувачка нега и фини пигменти што го изедначува вашиот тен и ги прикрива несовршеностите. Покрај тоа, новата формула е збогатена со хијалуронска киселина, добро позната состојка на производите за нега на кожа.

Покрај тоа што е исклучително лесна за блендирање, True Match пудрата покрај нејзините мејкап својства, ќе го подобри квалитетот на вашата кожа, само по 2 недели редовна употреба.

- Реклама -

Избор на течна пудра!

Не е доволно само да се совпадне бојата на пудрата со бојата на тенот, но мора да изберете пудра што одговара на вашиот тип на кожа. Ова не е толку голем проблем ако вашата кожа е комбинирана, меѓутоа ако имате мрсна или сува кожа, тоа веќе е задолжителна ставка што треба да ја имате во предвид при купување на пудра.

Затоа ми се допаѓа што True Match течната пудра одговара на секој тип на кожа, дури и за чувствителна кожа – дава хидратација и ги задоволува потребите на секој тип на кожа.

True Match е достапен во повеќе различни нијанси што можете да ги најдете во продажба.

Фотографијата не е обработена!

Важно е да се чувствувате добро во вашата кожа!

Ми се чини дека постоењето на True Match течната пудра која ја навлажнува и го подобрува квалитетот на кожата е почеток на нови трендови во индустријата за шминка и бришење на границата помеѓу шминка и производи за нега на кожа.