Брендот Jimmy Choo го претстави машкиот мирис инспириран од урбаната средина, а во мирисната композиција доминираат дрвенесто-кожни акорди. Современиот и мажествен мирис Jimmy Choo Urban Hero го отелотворува модерниот човек на денешницата, откривајќи ја неговата мистериозност и самодоверба со прекрасен бленд на кожа, дрво и цитрус.
Мирисен бленд со дрвенесто-кожни акорди!
Мирисната композиција се отвора со ноти од австралискиот finger lime во комбинација со љут и леден црн бибер. Во срцето доминираат пурпурното дрво палисандер и ветивер, проследени со мажествен акорд на кожа во основа и сив килибар.
Jules Dades – L’Atlas – мажествен и мистериозен бунтовник!
Рекламното лице на мирисот е Jules Dades – L’Atlas, познат француски сликар, фотограф и видео-уметник, кој претставува мажествен и мистериозен бунтовник. Шишенцето на мирисот е комбинација на транспарентен стаклен дел и хромиран дел, ергономски и модерен.
Машкиот мирис Jimmy Choo Urban Hero доаѓа во шишенца од 50 и 100 мл, како Eau de Parfum.