Tik Tok веќе долго време не е само социјална мрежа, туку место за собирање на кул луѓе. Иако првично беше замислена како платформа за помладите генерации, многу брзо ја надмина рамката на ултра популарните Tik Tok предизвици, поради што оваа апликација се повеќе ја користат сите генерации.

Шарениот свет од милиони Tik Tok членови нуди интересни видео содржини за модата, музиката, храната, спортот, а за мене Tik Tok посебно е интересен поради тоа што го нуди на љубителите на шминката – во најкратка можна форма! Нема исцрпувачки долги упатства на кои сме навикнати, сè е брзо и многу лесно.

Овој пат за вас направив избор од најинтересните и најкорисните Tik Tok трикови за шминкање!

Виљушка за контурирање!

Верувале или не, со помош на прибор за јадење поточно виљушка, контурирањето на носот никогаш не било полесно. Преку процепите, лесно и прецизно можете да нанесете шминка токму на оние делови каде што е потребно. Притиснете ја виљушката така што ќе го покриете целиот нос, по средината нанесете посветла нијанса на коректор, а преку левиот и десниот процеп нанесете бронзер. Сè што треба да направите е сè добро да изблендирате и voilà – добивте совршено контуриран нос!

- Реклама -
@feliciamaarie

makeup hack!! 😮 #howto #makeuphack #houseoftiktok #fy #finalsathome #makeuptips

♬ original sound – 🇱🇦🎡malysa

Како да направите вашите усни да изгледаат пополно!

Не е тешко да се зголемат усните со шминка, но тешко е кога тоа треба да го направите со вкус. За да не изгледате вештачки и смешно, следете ги следниве чекори. Со дебел молив со потемна нијанса, исцртајте линија веднаш над природниот раб на усните. Започнете од средина спрема краевите на усните, а потоа исцртајте ги долните усни. Пополнете ги аглите со истиот молив, нанесете го посакуваниот кармин и потоа на централниот дел од усните ставете посветла нијанса на кармин. Ќе го обожавате новиот мејкап изглед на вашите усни!

Сенка во функција на сјај или кармин!

Дали некогаш сте посакале омилената боја од палетата на сенки за очи да ја видите на вашите усни? Ако ова е случај, на прст нанесете ја саканата нијанса на сенка, а потоа пренесете ја бојата на надлактицата. Користете неутрален балсам за усни за да преминете преку сенката што претходно сте ја ставиле на вашата рака и нанесете ја бојата на усните. На Tik Tok честопати ќе гледате видеа кои сугерираат дека балсамот директно го „потопувате“ во сенката, но тоа воопшто не го препорачувам! Покрај што ја уништувате сенката, бактериите од усните можат да завршат на чувствителниот регион околу очите, со што ризикувате потенцијална инфекција.

@mireyarios

Tag a friend 🙂 #lips #lipgloss #makeuphack #hacks #coolhack #diy #diyproject #diyhow #diymakeup #beautyhacks #beauty #beautyguru #beautytipsbymireya

♬ original sound – Mireya Rios

Оживејте го истрошениот и стар сјај за усни!

Кога станува збор за усните, ви претставувам уште еден феноменален трик! Ако го потрошивте омилениот сјај или поради стоење стана сув и не може да се нанесе, обидете се да го оживеете на следниов начин: зовријте вода, истурете ја во шолја за кафе, ставете го сјајот за усни, оставете го да одстои 30 минути и ќе биде „како нов“!

Трикови за совршено нанесување на руменило!

Еден куп корисни трикови спакувани во 10 секунди! Кога се користи руменилото, како правилно се држи четката, дали ви треба средна или најголема, што ако нанесете премногу и многу повеќе ќе дознаете во ова Tik Tok видео.

@everydaymakeuptips

Hope you learned a new beauty tip! #makeuphacks #youshouldknow #makeupartist #makeuptips #foryou #foryoupage #fyp

♬ Birthday Suit – Cosmo Sheldrake

Густи трепки со само еден производ повеќе!

Како да ги направите трепките видливо да бидат густи и истакнати со било која маскара? Земете течна пудра или коректор, нанесете на трепките, а потоа ставете два слоја од омилената маскара. Никој нема да може да одолее на таквиот поглед!

Cut crease за паметење!

Ако мислите дека вашиот cut crease не е доволно остар и видлив, земете било каков глитер молив и нацртајте тенка линија точно на прегибот помеѓу двете нијанси на сенки за очи. Овој едноставен трик ќе направи cut crease да изгледа „почисто“, а ефектот со сјајот сите ќе ги собори!

Чистењето на бјути блендерот никогаш не било полесно!

Во сад измешајте течност за миење садови и маслиновото масло во сооднос 1:1. Добро потопете го бјути блендерот, истријте го и исплакнете го под млаз ладна вода. Исушете го со чиста крпа и уживајте во неговата чистота.

Како да го продолжите рокот на траење на сунѓерот за шминкање?

За сите оние кои не сакаат да трошат пари за купување на сунѓер за шминкање на секои два месеци, еве неверојатно едноставно решение! Исечете го валканиот дел со ножици и сунѓерот ќе биде како нов!

@seldaasan

Before throwing out an old sponge, Cut it first, inside may still be clean🤫 #foryourpage #foryoupage #fyp #foryou #tiktoktraditions #beautyhacks

♬ Don’t Start Now – Dua Lipa

Споделете во коментари кој од овие Tik Tok трикови за шминкање ви се најинтересни.