Брендот Calvin Klein го претстави женскиот парфем Euphoria Blush, ново издание на Euphoria мирисната линија. Euphoria Blush е најавен како сензуален гурмански мирис, развиен од парфимерите Jean-Marc Chaillan и Yves Cassar. Креаторите на мирисот го опишаа ова ново издание како „свеж и опоен овошно-цветен мирис, со сензуални нијанси во позадина“.
Го следи трендот на свежа сензуалност!
Euphoria Blush го следи трендот на „свежа сензуалност“ и нуди горки и слатки овошни ноти од малина, капина и мандарина. Срцето на мирисната композиција вклучува ноти на роза, јасмин и орхидеја, избалансирани со дрвенести ноти, бел килибар и чоколадо во основата на мирисот.
Ажурирана верзија на шишенцето!
Шишенцето на новиот Euphoria Blush е ажурирана верзија на шишенцето од оригиналниот Euphoria со потпис од Calvin Klein. Новото шишенце се одликува со нежна розова нијанса и елегантно сребрено капаче со врежано лого на Calvin Klein. Кутијата со сатенска завршница е обоена во иста боја како и шишето.
Ново лице на рекламната кампања е манекенката Mica Arganaraz.
Calvin Klein Euphoria Blush е достапен во 30, 50 и 100 мл, како Eau de Toilette.