- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Руменилото за време на есен и особено во зима станува дел од секојдневната шминка, бидејќи носи здрава боја на лицето! Некои грешки при нанесувањето можат да се поткраднат без да ги забележите. Ќе ви посочам неколку грешки што треба да ги избегнувате!

Руменилото не треба да недостасува во вашата секојдневна рутина! На лицето му дава пристоен и здрав изглед, така што со користење на руменило ќе изгледате порелаксирано и помладо. Сепак, понекогаш правите грешки при нанесувањето, затоа погледнете кои грешки треба да ги избегнувате!

Грешка 1: Нанесувате руменило само на образите!

Дали нанесувате руменило само на образите? Искористете ги предностите на руменилото и дискретно нанесете на вашите слепоочници. Тоа ќе ви даде природен сјај, така што вашето лице ќе изгледа „будно“ и свежо. Ако се осмелувате нанесете малку руменило на коренот на носот за да создадете летен „морски“ изглед.

Грешка 2: Користите погрешен тон!

Вистинскиот тон, односно вистинската боја на руменилото е пресуден. Треба да одговара на вашиот тон на кожа и нежно да ја „покрие“. На пример, ако имате светла кожа, изберете светло-розово руменило. За маслинова кожа најмногу одговара руменило со боја на кајсија. За темна кожа, изберете интензивно пигментирано потемно руменило. Задолжително испробајте го руменило на вашата кожа пред да го купите!

- Реклама -

Грешка 3: Избирате погрешна текстура!

Како и со мејкап подлогата, текстурата на руменилото игра голема и важна улога. Дали ви одговара кремасто руменило или руменило во прав-компактно? За мрсна кожа користете кремасто руменило, а потоа фиксирајте го со руменило во прав со иста боја. За сува кожа најдобро е да користите кремасто руменило.

Совет: Ако користите течна пудра ќе биде подобро да имате кремасто руменило. Ако нанесувате пудра во прав, употребувајте руменило во прав!

Грешка 4: Нанесувате премногу руменило!

Мотото „помалку е повеќе“ важи во случајот со руменилото. Премногу руменило лесно може да изгледа неприродно и нападно. Ако не сте сигурни дали сте претерале, подобро нанесувајте руменило со лесни потези и во помала количина, така што секогаш ќе изгледа пристојно.

Грешка 5: Не го „поправате“ руменилото со четка!

За да бидат рабовите на руменилото што помалку нагласени и впечатливи, руменилото секогаш треба да се изблендира. Користете четка или едноставно со прсти, така што лесно ќе ги размачкате рабовите и тие нема да бидат видливи.