- Реклама -

Брендот Calvin Klein го претстави женскиот парфем Euphoria Blush, ново издание на Euphoria мирисната линија. Euphoria Blush е најавен како сензуален гурмански мирис, развиен од парфимерите Jean-Marc Chaillan и Yves Cassar. Креаторите на мирисот го опишаа ова ново издание како „свеж и опоен овошно-цветен мирис, со сензуални нијанси во позадина“.

Во парфимериите во целиот свет Euphoria Blush ќе се појави во февруари 2020 година.

Го следи трендот на свежа сензуалност!

Euphoria Blush го следи трендот на „свежа сензуалност“ и нуди горки и слатки овошни ноти од малина, капина и мандарина. Срцето на мирисната композиција вклучува ноти на роза, јасмин и орхидеја, избалансирани со дрвенести ноти, бел килибар и чоколадо во основата на мирисот.

Ажурирана верзија на шишенцето!

Шишенцето на новиот Euphoria Blush е ажурирана верзија на шишенцето од оригиналниот Euphoria со потпис од Calvin Klein. Новото шишенце се одликува со нежна розова нијанса и елегантно сребрено капаче со врежано лого на Calvin Klein. Кутијата со сатенска завршница е обоена во иста боја како и шишето.

- Реклама -

Ново лице на рекламната кампања е манекенката Mica Arganaraz.

Calvin Klein Euphoria Blush ќе биде достапен во 30, 50 и 100 мл, како Eau de Toilette.

- Реклама -