- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Отстранувањето на тешката шминка на крајот од еден долг и напорен ден најчесто е последното нешто што имаме желба да го направиме! Но, не е тајна дека спиењето со шминка, а особено со онаа долготрајната директно доведува до воспаление, иритација на акните или благо речено ја уништува кожата! Затоа, ве советувам да го совладате и практикувате отстранувањето на долготрајната шминка за само 2 минути!

5 чекори до чиста кожата после долготрајна шминка!

# 1 Изберете го вистинскиот производ!

Ако користите течна пудра со голема покривна моќ, водоотпорен туш за очи или маскара, или мат течен кармин сигурно сакате брзо да ги отстраните без траги. Затоа, треба да изберете производ за ефикасно отстранување на долготрајна шминка. Ова значи дека со мицеларна вода нема да го постигнете посакуваниот ефект, затоа подобро изберете кремасто млеко, масло или балсам за нежно растворање на шминката, кои нежно со масирање ќе ги нанесете на вашето лице.

# 2 Не тријте, туку масирајте!

Со цел да ја растопете шминката од лицето и да ја зачувате кожата од истегнување, предлагам да избегнете памучни туфери, а процесот на отстранување на шминка да го направите само со вашите прсти! Нанесете масло, балсам или млеко на врвот од прстите и полека масирајте го целото лице со кружни движења, додека не се растопи целата шминка. Ова не е пријатно за гледање, но верувајте ќе ја поштеди вашата кожа и трепки од непотребно истегнување.

- Реклама -

# 3 Отстранете ги остатоците од шминка на очите!

За да го отстраните водоотпорниот туш, користете козметичко стапче за уши кое претходно сте го натопиле во масло или средство за отстранување на водоотпорна шминка. Поминете преку линијата на очниот капак додека не исчезне тушот. За да ги отстраните остатоците од маскара – натопете го туферот со мицеларна вода, држете го 30 секунди и нежно повлечете го. Повторете го процесот по потреба!

# 4 Отстранете го долготрајниот кармин!

Течните мат кармини сеуште се популарни, но нивното отстранување може да биде вистински кошмар! За да не завршите со розови дамки околу усните, користете го овој трик – преку карминот на усните нанесете подебел слој од балсам за усни! Тоа ќе ја раствори формулата на карминот, а потоа со помош на туфер и мицеларна вода, отстранете го кармин со еден потег!

# 5 Измијте го лицето со гел или пена!

Откако ќе го направите првиот чекор за отстранување на шминката, време е да ги отстраните остатоците од овие производи и шминка користејќи производи на база на вода! Тоа е гел или пена специјално наменети за вашиот тип на кожа, кои ќе ги исчистат сите остатоци од нечистотијата. Со нежна масажа нанесете ги на лицето и исплакнете ги со многу вода!

Тоа е се! Следниот чекор е нега на лицето – тоник, серум и крем, а после ќе бидете подготвени за кревет!