- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Chanel пишува ново поглавје во приказната за легендарниот парфем Chanel N°5 со нова рекламна кампања. Заштитно лице на парфемот е француската актерка Marion Cotillard, а видеото за рекламата кампања е во режија на шведскиот режисер Johan Renck, познат по наградуваната серија „Чернобил“.

Marion Cotillard е вистински избор!

Враќањето на француската актерка значи враќање на потсвесната слика за француската женственост која е во духот на брендот Chanel. Покрај нејзината убавина и слободен дух, актерката ja отелотворува француската елеганција. Marion тврди дека почувствувала моментална поврзаност со N°5 кој е повеќе од мирис и претставува уметничко дело.

Marion Cotillard ја продолжува низата на женски икони кои беа заштитни лица на овој револуционерен мирис почнувајќи од Marilyn Monroe, која во 1954 година се осмели да зборува за голотија и се фотографираше „облечена“ само во овој парфем, а потоа следат Catherine Deneuve, Carole Bouquet и Nicole Kidman.

- Реклама -

N°5 The Film

Филмот прикажува мистериозна жена облечена во црна наметка како поминува низ париски мост, покриен со снег во ноќ со полна месечина. Одеднаш, таа е на Месечината каде ја чека маж и двајцата почнуваат да танцуваат. Кога танцот ќе заврши, таа повторно е на мостот каде го среќава истиот маж. Песната „Team“ од Lorde, во изведба на Marion претставува ода на модерната љубов каде две суштества комуницираат како едно.

Новата кампања оддава почит на историјата на N°5, цело време правејќи уникатен и радикален избор, каде убавината се смета за облог на радост и еднаквост. Жената и мажот цело време се водат и се поддржуваат еден со друг, заведувајќи се меѓусебно. Повеќе од дигресија слична на сон, спој на заљубени, а по нивниот небесен танц го отелотворуваат идеалот создаден за жена која се стреми да ги оствари своите соништа. Тоа е моќта на бројот 5.