- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Сакате да купите нов парфем? Ве мачат повеќе прашања за парфемите? Во продолжение ви нудам одговори на неколку најчести прашања за парфемите!

Дали парфемите за ден се разликуваат од парфемите за вечер?

Во парфемите кои се прикладни за ден обично доминираат помирни, свежи ноти и се помалку концентрирани. Вечерните парфеми се поинтензивни, екстравагантни и содржат малку потежок мирис. Некои брендови го модифицираат истиот мирис, нудејќи две или повеќе опции за ден и вечер.

Дали изборот на парфем зависи од годишното време?

Изборот на парфем зависи од годишното време така што може да се зборува за летни и зимски парфеми. Летните обично се цитрусни, овошни и полесни, додека во зима најчесто се избираат цветни, ориентални и топли парфеми.

- Реклама -

Дали постојат парфеми за русокоси и парфеми за бринети?

Иако многумина тврдат дека оваа поделба е надмината, често може да се чуе дека парфемите се поделени на оние за русокоси и за бринети. Некогаш се веруваше дека на русокосите повеќе им одговараат нежни цветни мириси, додека на бринетите подобро им стојат дрвенести и ориентални ноти. Сепак, денес најдобриот критериум за избор на парфем е да го испробате на сопствена кожа.

На кои делови од телото најдобро се нанесува парфем?

Ако парфемот на себе го користите исклучиво за сопствено уживање, најдобро место за негово нанесување е рачниот зглоб. Но, ако сакате вашиот мирис да го почувствуваат и другите околу вас, нанесете го на други пулсни точки – на пределот зад ушите, вратот, рамената и внатрешната страна на колената. Така, топлината на вашето тело ќе емитува нежен мирис со часови.

Кои се парфемски класици?

Иако повеќето компании секоја година лансираат нови мириси, постојат парфеми кои имаат своја верна публика која ги користи со години, дури и децении. Големите парфемски брендови со долга традиција, посебно внимание посветуваат на овие парфеми кои се запишани во историјата како класици. Во оваа група спаѓаат Chanel No 5, Guerlain Shalimar, Dior Poison, Yves Saint Laurent Opium, Lancome La Vie Est Belle, Gucci Guilty. Сепак, вкусот на различни генерации се разликува и големите парфемски носеви тоа го почитуваат, така што од време на време пред публиката се претставува ново толкување на некој класик.

Дали парфемите имаат рок на траење?

Парфемите треба да се чуваат на темно место каде што нема да бидат изложени на топлина, влажност и директна светлина. Неотворен парфем останува непроменет околу пет години. Ако шишето е отворено, парфемот останува непроменет околу две години. По тоа време тој почнува да се менува и губи на интензитет. Ако парфемот почне да ја менува бојата, густината или настанува киселкаст мирис, време е да го замените со нов. Мирисите во спреј кои се херметички запечатени може да траат многу подолго од течните парфеми без распрскувач.

Која е главната разлика помеѓу оригиналните парфеми и нивните копии?

Копиите од парфемите често мирисаат различно од оригиналите и обично се помалку трајни. Покрај разликата во квалитетот, копиите често содржат опасни или забранети состојки што никој не ги контролира и кои можат да го загрозат здравјето.