Кога визијата, емоцијата, сензибилноста, креативноста и луцидноста ќе се преточат во мириси, настанува еден нов свет – светот на “niche” парфемите.
Кои се „niche“ парфеми?
Овој француски збор опишува мал, стуткан простор. „Niche“ парфемите се нешто спротивно на сите комерцијални парфеми што ги сретнувате насекаде. Во последниве 15 години свесни сме за масовно производство на дизајнерски парфеми, мириси со потпис на славни пејачи, актери. Кога станува збор за „niche“ парфемите, овој атрибут се користи за мали парфемски куќи кои не се дел од големите корпорации, кои за производство на своите парфеми користат ретки, природни, скапоцени компоненти. „Niche“ парфемските куќи уживаат во својата уметничка слобода.
Квалитетот на состојките како и есенцијалните масла и нивниот постојан мирис е само една од карактеристиките кои ги одвојува „niche“ парфемите од комерцијалните мириси.
Perris Monte Carlo – Бренд за луксузни мириси, предводник во светот на “niche” парфемите!
Интернационалниот бренд за луксузни мириси Perris Monte Carlo е создаден да разбуди интерес со својата разновидна и извонредна понуда на мириси, создадени од најдобрите состојки. Внесувањето на страст при нивното креирање, создаде комплицирана мешавина, секоја ексклузивна, престижна и елегантна во својот карактер.
Perris Monte Carlo претставува совршен баланс на традицијата и иновацијата – традиционално истражување на природните состојки и процес на екстракција во комбинација со иновативната формула ја истакнува природната убавина на состојките.
Креативниот директор Gian Luca Perris е втората генерација на семејството Perris која е вклучена во престижниот парфемски бренд. Неговата мисија е потрага по најфините состојки низ целиот свет со цел да создаде уникатна мирисна композиција.
Во асортиманот на Perris Monte Carlo создадени се три престижни мирисни колекции: Eau de Parfum, Extraits и Travel Kit.
EAU DE PARFUM COLLECTION – Претставуваат интензивни и сензуални есенции во царството на парфемите…
Безвременски, но неспорно модерни парфемски води, кои го слават постоењето на осум драгоцени есенции, создадени како осум елегантни, ориентални мешавини кои ги изоструваат сетилата. Секој од мирисите буди емоција на свој начин, секој е составен од скапоцени суровини, откриени на сите континенти за време на семејните истражувања на различните културни и природи.
Eau de parfum мирисната колекција е претставена од три изданија на луксузни мириси:
Italy Collection – Омаж на цитрусни есенции од Италија…
Инспирацијата за овогодинешната колекција потекнува од руралната идила на јужна Италија. Тројниот акорд го нагласува цитрусното овошје кое се одгледува блиску до Неапол, во градот Капуа, кој е познат по одгледување на агруми уште од 1880 година. Italy Collection ја чува топлината на зраците во секое шише, а ја нагласува природата со цитрус, кедар, мандарина и бергамот.
Gold Collection – Оддава почит кон Блискиот исток…
Gold Collection колекцијата се состои од првите мириси создадени од страна на луксузниот бренд Perris Monte Carlo. Таа е префинета, модерна, ориентална мирисна колекција која настанала под влијанието од Блискиот исток. Инспирирана од сликовитите предели на вековната мирисна култура и исклучителни суровини кои се среќаваат на секој чекор. Овие искуства, пренесени во парфемската композиција, создадоа уникатна и престижна колекција.
Black Collection – Во чест на природните богатства…
Black Collection мирисната колекција создадена после долг процес на детални истражувања на некои исклучителни состојки неопходни во изработката на парфемски есенции. Black Collection е извонредно успешна колекција чиј квалитет е препознатлив од љубителите на убави парфеми, но и од професионалците од оваа бранша.
EXTRAITS COLLECTION – Искуството на мирисите во најчиста форма…
Инспирирана од успехот на луксузниот бренд за парфеми Perris Monte Carlo, колекцијата нуди концентрирани екстракти на секој од познатите парфеми во најчиста форма. Секој концентриран екстракт од неговата парфмеска вода се разликува во финесите, правејќи ги овие познати мириси уште побогати, раскошни и поубави.
TRAVEL KIT COLLECTION – Парфемски екстракти во пакет за патување…
Совршени за одмор или викенд патувања, лесни за носење. Во сетот има шишенце во спреј во луксузно пакување од магнезиум бакелит и 4 шишенца од 7.5 мл чист парфемски екстракт.