Celebrate Life ќе биде лансиран кон крајот на летото 2018 година како прво надополнување на мирисот Escada Celebrate N.O.W. кој беше претставен пред една година. Мирисната колекција го слави животот и прекрасните моменти, а новото издание е направено за да се потенцира позитивен став кон животот.
Сензуален и романтичен мирис за млади!
Композицијата Celebrate Life е составена од овошни, цветни и ориентални тонови и најавен е како сензуален и романтичен мирис за млади. На врвот доминира аромата на круша и личи, со допир на горчлив цитрус. Срцето вклучува цветни ноти и килибар, на основа на мошус и ванила.
Escada Celebrate Life ќе биде достапен во 30 и 50 мл, како Eau de Parfum.