Меѓу првите парфемски креации на модниот бренд Givenchy беше легендарниот мирис Givenchy L’Interdit од 1957 година, посветен на актерката Audrey Hepburn (Одри Хепберн) како најзначајна муза на овој моден дизајнер. Со текот на годините парфемот доживеа многу реинтерпретации како што се L’Interdit 2 од 1993 година, L’Interdit од 2003 година и L’Interdit како дел од колекцијата Les Parfums Mythiques од 2007 година.
Givenchy L’Interdit (2018)
Во 2018 година ќе биде лансирана нова, модерна верзија на L’Interdit Givenchy, со цветно-дрвенеста мирисна композиција создадена од парфимерите: Dominique Ropion, Anne Flipo и Fanny Bal. Парфемот е изграден на основа на контрастот помеѓу букет од бели цвеќиња (кој ги вклучува јасмин, тубероза и цвет од портокал) и интензивни дрвенести и земјени ноти од пачули и ветивер.
Концептот што стои позади оваа необична креација е возбудата и адреналинот што носи нешто што е забрането.
Заштитно лице на новото мирисно издание на Givenchy е актерката Rooney Mara.
Givenchy L’Interdit ќе биде достапен во концентрација како Eau de Parfum, а во продажба ќе се најде од Септември 2018 година.