- Реклама -

Amouage лансира нов мирис во цветната тематска колекција Secret Garden, славејќи ја прекрасната мимоза и нејзините слатки, пудрести и медени нијанси. Од брендот Amouage ве покануваат да го откриете жолтиот пејзаж исполнето со мек и кадифен мирис што ќе остане врежан во вашите спомени.

Четврто мирисно издание од тајните градини на Amouage!

Love Mimosa е четвртиот мирис од тајните градини на Amouage што доаѓа по прекрасните изданија: Lilac Love, Blossom Love и Love Tuberose.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by AMOUAGE (@amouageofficial) on

 Love Mimosa претставува омаж на женската моќ!

Amouage создаде нов парфем кој е израз на моќта на жените што сакаат да го сменат светот. Love Mimosa претставува омаж на женската моќ, затоа овој возбудлив, нежен и хипнотизирачки мирис е манифестација на нивно зајакнување, виталност и мудрост.

- Реклама -

Mирис за бестрашни личности!

Во последното поглавје на Amouage, креативниот директор  Christopher Chong, кој од неодамна го напушти брендот, создаде единствен мирис за бестрашни личности користејќи ги карактеристиките на цветот мимоза. Инспириран од сите жени кои го отвориле патот на идните генерации, тој разви мирис што претставува оддишка на храброста и одважноста, исто како и жените кои со својата смела и креативна страст за еднаквост сакаат и продолжуваат да го менуваат светот.

Меките и кадифени траги на мирисот остануваат во меморијата!

Сите карактеристики на Love Mimosa се создадени благодарение на ретките состојки кои придонесуваат кон леснотијата на мирисот на овој цвет. Имитирајќи ги ридовите на Танерон кои се наоѓаат на југот на Франција, горните мириси се отвораат со листови од љубичици и водени ноти cascalone. Мимоза е прикажана со кремасти и пудрести ноти на ирис и хелиотроп. Нотите на круша даваат сочна сладост со суптилна овошна арома, лесна и модерна. Ylang Ylang заедно со амброксот кои се наоѓаат во основата на мирисот, проектираат суптилна сензуалност. Меки и кадифени траги на мирисот кои остануваат во меморијата.

Познатиот облик на Amouage шишето обоено жолта боја!

Воздушен, енергичен и моќен, Love Mimosa е подеднакво силен како и жените кои го носат на себе. Познатиот облик на Amouage шишето е обоено со харизматично изразена цитрусно жолта боја, а капачето е украсено со жолти кристали на Swarovski.

- Реклама -