Kenzo ќе го лансира парфемот Flower by Kenzo Eau de Vie во почетокот на 2019 година како нова интерпретација на легендарниот Flower by Kenzo од 2000 година. Flower by Kenzo Eau de Vie е инспириран од концептот „coup de coeur“ (се вљубив во него од првиот момент кога го видов), односно новиот парфем ја слави љубовта спрема живот, живот полн со страст.
Прославете го секој момент!
Прославете го секој момент со радост, среќа и моќта на цветот кој го прави светот убав – велат од Kenzo.
Идеален придружник за жените!
Новиот Flower by Kenzo Eau de Vie опишан е како идеален придружник за жените кои се во потрага по ведар и исклучиво цветен мирис. Новата мирисна композиција направена е од ведри ноти кои вклучуваат ѓумбир и цитрус, цветно задоволство од бугарска роза и цвет од портокал, комбинирани со нова зависност од тонка и мошус.
Flower by Kenzo Eau de Vie ќе биде достапен во 30, 50 и 100 мл како Eau de Parfum Legere.