Брендот за убавина Giorgio Armani ќе лансира два нови мириси од Emporio Armani линијата на почетокот на 2019 година. In Love With You и Stronger With You Intensely се нови мирисни верзии на оригиналните Because It’s You и Stronger With You, кои беа лансирани летото 2017 година како „мирисно отелотворување на автентичната модерна љубов“.
Новото парфемско дуо е наменето за млади луѓе, инспирирани од чувството кое го носи возбудливата љубовна врска.
Emporio Armani In Love With You
Emporio Armani In Love With You е нова верзија на женскиот мирис Because It’s You. Замислен како мирис на љубов, возбуда и адреналин, создаден од деликатни овошни и цветни мирисни акорди. Композицијата се отвора со зрели овошни плодови, а потоа се открива срцето на мирисот со роза и горчлив пелин. Мирисот е опишан истовремено како нежен и страствен, кршлив и силен.
Emporio Armani In Love With You ќе биде достапен во 30, 50 и 100 мл, како Eau de Parfum.
Emporio Armani Stronger With You Intensely
Emporio Armani Stronger With You Intensely е ориентално-дрвенест машки мирис со fougère акценти. Мирисот ја раскажува приказната за возбудата од нова и младешка љубов. Горните мирисни ноти вклучуваат зачини и љубичица и мирисното срце во кое се спојуваат лаванда со слатка карамела и цимет. Базата на мирисот завршува со ноти од еленска кожа, ванила и килибар.
Emporio Armani Stronger With You Intensely ќе биде достапен во 30, 50 и 100 мл, како Eau de Parfum.