- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Идеален подарок за сите прилики! Персонализација на парфемот што го подарувате. Изгравирајте име, датум или неколку зборови…

Персонализирајте го парфемот што го подарувате за да го направите моментот незаборавен!

Поклонете вистински персонализиран подарок за да ги изразите своите чувства. Текст по ваш избор ќе биде изгравиран на шишето од My Way парфемот. Парфемот со гравура може да биде одличен потсетник за убавите времиња поминати заедно.

Изгравирана порака на шишенцето на новиот женски мирис Giorgio Armani My Way

Во периодот од 17.08. до 23.08.2020 година на купувачите им се нуди извонредна можност новиот женски мирис Giorgio Armani My Way, ексклузивно да го набават само онлајн во претпродажба, каде при самото купување по нивна желба на шишенцето на парфемот може да се изгравира лична порака до 10 карактери. Ова можност ексклузивно ќе биде достапна само за купување преку онлајн продавницата на Еликсир Ексклузив.

Мирис за љубопитна и автентична жена! My Way

Giorgio Armani My Way е мирис на откритија и врски за проширување на видиците и отворање нови хоризонти. Мирис за љубопитна и автентична жена која е подготвена да ги прошири хоризонтите и да живее значајни средби низ целиот свет.

- Реклама -

Мирис со внимателно избрани состојки!

Овој женски мирис е средба помеѓу внимателно избрани состојки. Бергамот, проследен со египетскиот цвет од портокал во светкав, пенлив почеток, со засилен блескав цветен букет од тубероза и индиски јасмин. Конечно, живописното дрво од кедар од Вирџинија се среќава со сензуална ванила од Мадагаскар и бел мошус за да остави потпис на соединенијата.

Шишенце амајлија!

Шишенцето на Giorgio Armani My Way е амајлија што ги опфаќа сите важни средби. Синото и златно капаче е амајлија, дизајнирано за да биде понесено со себе каде и да одите. Синиот камен ја симболизира бојата на земјината топка, универзална боја која не обединува сите нас и не поврзува едни со други и со нашата планета. Врежаниот златен прстен претставува симбол на уникатна патека која е осветлена од секоја средба по патот. Златен прстен со печат и потпис на Giorgio Armani. Луксузната сина ткаенина е одда за Armani светот на модата.

Парфемот Giorgio Armani My Way е достапен во три едиции: 30мл, 50мл и 90мл.