- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Модната куќа Chloé повторно го лансира Eau de Toilette изданието на Chloé Signature мирисот наречен Chloé Rose Tangerine. Новото издание на женскиот мирис Chloé Rose Tangerine ветува посмел и поенергичен карактер како реинтерпретација на модерниот класик на брендот.

Rose Tangerine го задржува препознатливиот дух на оригиналот!

Chloé Rose Tangerine е создаден од парфимерите Sidonie Lancesseur и Michel Almairac, задржувајќи го препознатливиот дух на оригиналот – свежа и весела нота на роза – како есенцијален елемент на брендот. Новата роза е освежена со неочекувани овошни нијанси на сончева мандарина, додека светлите ноти на црна рибизла и зелените нијанси му даваат дополнителна доза на искра на овој елегантен мирис. Кедарот и белиот килибар ја создаваат основата на парфемот.

- Реклама -

Карактеристичното Chloé шише е достапно во нови бои!

За новата верзија на мирисот, карактеристичното Chloé шише е достапно во нови бои: рачно врзаната лента на вратот на шишето е во портокалово-розова боја, што одговара на течноста на парфемот.

Lucy Boynton новата муза на брендот!

Новата муза и заштитно лице на парфемот е британската актерка Lucy Boynton, која со својот природен шарм го отелотворува спонтаниот, отворен лик на Chloé жената.

Мирисот Chloé Signature Rose Tangerine е достапен во 30, 50 и 75 мл, како Eau de Toilette.