За време на топлите денови во интерес на сите нас е да изгледаме беспрекорно, но без многу шминка која дополнително ќе ја оптовари нашата кожа. За среќа, славната мејкап артистка Lisa Eldridge откри како да се постигне тој совршен no make up изглед. Таа е мејкап артист на познатите личности како Victorie Beckham, Cindy Crawford и Keire Knightley кои се нејзини лојални клиенти. Токму заради нејзината стручност сите со задоволство се враќаат кај неа. Во продолжение можете да ги откриете тајните кои стојат зад нејзиниот совршен no make up изглед за да го креирате во вашиот дом без никаков проблем. Сите овие совети се многу едноставни!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lisa Eldridge (@lisaeldridgemakeup) on

Сите најважни чекори за NO MAKE UP изглед според Lisa Eldridge!

Тајната лежи во прифаќањето на вашата кожа! Сакате да го изедначете тонот на вашата кожа, но да ја зачувате разноликоста на нијансите. Според Lisa, тоа ќе го направи вашето лице веродостојно и свежо. Најпрво треба да нанесете течна пудра. Нанесете само на местата што треба да се изедначат со остатокот од кожата. Користете чиста четка или влажен сунѓер и поминете со нив по целото лице за да се изедначи тонот на кожата. Потоа нанесете руменило. Кремасто руменило е идеално за нормална и сува кожа, додека текстурата на течните руменила е посоодветна за мрсна кожа.

Ви препорачувам да користите Bourjois Healthy Mix Sorbet Blush течно руменило кое можете да го пронајдете во две нијанси. Изберете нијанса што ја имитира бојата на образите кога ќе се исончате. Ако имате природно румени образи прескокнете го нанесувањето на руменило, а ако тоа не е случај, нанесете го на образите и добро изблендирајте.

Bourjois Healthy Mix Sorbet Blush течни руменила

После руменилото следи нанесување на хајлајтер. Lisa преферира течни и кремасти верзии на производите. Избегнувајте хајлајтер со светки или металик текстура. Изберете нијанса што се совпаѓа со тонот на вашата кожа и нанесете го на врвот од образите, средината на носот и горната усна. После тоа, потребно е да нанесете коректор. Користете производ со добро покривање за да не мора да нанесувате голема количина. Нанесете го на оние области на лицето каде што природно паѓа сенка – на пример под очите. Можете да одберете Max Factor Miracle Sculpting Wands хајлајтер во комбинација со Maybelline Instant Age Rewind Eraser коректор.

- Реклама -
Max Factor Miracle Sculpting Wands хајлајтер
Maybelline Instant Age Rewind Eraser коректор

На очните капаци користете производ што го изедначува тонот на кожата и не изгледа како да носите шминка. Моја препорака е да ја користите нежната, рефлексивна и кремаста сенка од брендот MAC Pro Longwear Paint Pot во нијанса Groundwork. Избегнувајте било каков производ со светки и сјај. Потоа, закривете ги трепките со виткач за трепки и нанесете маскара за дефинирање која изгледа природно. Одберете ја Bourjois Big Lashes Oh,Oui! маскарата.

MAC Pro Longwear Paint Pot во нијанса Groundwork
Bourjois Big Lashes Oh, Oui! маскара

Ако вашите усни веќе имаат боја, малку балсам и молив за усни ќе го направат трикот. Ако имате бледи усни и сакате да ја интензивирате бојата, Lisa препорачува да го користите руменилото што го користевте за образите и мала количина молив за да ги дефинирате усните.

Топ совет на Lisa!

Рабовите на вашето руменило и хајлајтер блендирајте ги со четката со која ја нанесувавте течната пудра и која треба да содржи малку остаток од производот. Овој чекор целокупниот изглед го прави беспрекорен. Вашата пудра, руменило и хајлајтер треба да бидат во целосна синергија за да не може да се види каде едниот производ завршува, а другиот започнува.