- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Колекцијата на машки парфеми Luna Rossa на Prada е именувана по едрилицата и тимот „Luna Rossa“ (црвена месечина), кои учествуваат во натпреварите на Купот на Америка. Мирисите од оваа линија ја црпат својата инспирација од светот на екстремното едрење, престижот, морската природа и страста за победа.

Luna Rossa претставува ода на високи перформанси преку врвни иновации. Свежи и заживувачки мириси за успешно соочување со секој предизвик и постигнување на најдоброто.

Prada Luna Rossa collection

Jake Gyllenhaal for Prada

Почит на пионерскиот дух на авантуристите!

Prada Luna Rossa Ocean – последното издание на колекцијата, претставува смелост кон нови искуства. Мажествена и исклучително елегантна – мирисната композиција е наменета за модерниот авантурист.

- Реклама -

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Prada Beauty (@pradabeauty)

Актерот и продуцент Jake Gyllenhaal е заштитно лице на впечатливата рекламна кампања. Со поглед кон огромниот син океан и надополнет со енергијата на Prada Luna Rossa Ocean, авантуристот е подготвен да ги надмине своите граници.

Jake Gyllenhaal for Prada

Prada Luna Rossa Ocean

Стимулативен мирис за најдобар перформанс!

Luna Rossa Ocean, за разлика од оригиналното издание кое се базираше на нота од лаванда, содржи пудрест и нежен акорд на ирис заедно со лаванда во срцето. Свежината на композицијата ја обезбедува бергамот во отворањето на мирисот, додека дрвенестите ноти на ветивер и пачули се комбинирани во основата со мошус за допир на софистицираност. Креацијата ја потпишаа парфимерите Anne Flipo и Carlos Benaim.

Prada Luna Rossa Ocean ingredients

Prada Luna Rossa Ocean

Дизајнот инспириран од модерните едрилици!

Дизајнот на шишето е потпишан од Yves Behar. Инспириран е од модерните едрилици како и од опкружувањето на компетитивното едрење.

Мирисот е достапен како Eau de Toilette во шишенца од 50 и 100 мл.

Купи Сега Shop Now Elixir Prada Luna Rossa Ocean a bottle and package

Prada Luna Rossa Ocean

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ubavina za site (@ubavinazasite)