Најновото издание на женскиот мирис Rainbow Fantasy на познатата пејачка Britney Spears, ќе се појави во продажба во средината на Јануари 2019 година со весели бои на виножитото и оптимистичка мирисна композиција.
Мирис изграден на игра на контрасти!
Сите кои ја обожаваат мирисната колекција Fantasy и мирисите на Britney Spears нема да бидат разочарани од новото издание на Rainbow Fantasy, каде што мирисот е изграден на игра на контрасти, свежи ноти, овошје, цвеќе и ориентални ароми. Отворањето е многу свежо, цитрусно, со цел во срцето на мирисот да завладее сладоста на цвеќињата придружена со топлина на нежната ориентална база.
Шишенце во весели бои на виножито!
Најновиот мирис од Fantasy колекцијата на Britney Spears, Rainbow Fantasy ќе биде достапен во 30 мл и 100 мл, како Eau de Toilette.
Шишето и надворешното пакување ги содржат боите на виножитото, потенцирајќи ја градацијата на портокаловата, розовата и сината боја.