Следејќи го трендот на високо концентрирани мириси понудени како парфеми, Hugo Boss во својата мирисна колекција Boss The Scent вклучи два парфеми – за неа и за него. Мирисната колекција Boss The Scent ќе биде подекадентна со машкото издание Boss The Scent Le Parfum For Him и женското издание Boss The Scent Le Parfum For Her.
За него! Boss The Scent Le Parfum
Boss The Scent Le Parfum For Him е моќна и софистицирана интерпретација на оригиналниот мирис Boss The Scent For Him лансиран во 2015 година. Акордот од ирис и кожа предизвикува зависност, ги разгорува сетилата ослободувајќи алхемија на привлечност на која невозможно е да се одолее и ги разигрува нотите на ѓумбир и овошјето Maninka за најсензуален мирисен потпис. Најновата креација е поинтензивна и помоќна верзија на „столбот“, зголемувајќи ја афродизијачката моќ на колекцијата благодарение на додавањето на некои од најдобрите парфимериски состојки.
Оваа интензивна реинтерпретација на препознатливиот Boss The Scent килибарски потпис нуди афродизијачки горни ноти на ѓумбир и егзотичниот плод Maninka за магнетната сила на Boss The Scent потписот, додека контрастната срцевина од скапоцен ирис ја поставува сцената за незадржлива привлечност. Длабоко мажествената основа од ноти на кожа, додава телесна топлина на овој заводлив мирис.
Препознатливото шише е обоено во сензуална сиво-кафеава нијанса и вметнато во рамка со златно-розова боја, доловувајќи ја интензивноста на овој парфем. Претставен во кутија во сиво-кафеава боја, овој моќен мирис ја носи заводливоста во една сосема нова димензија. Достапен во шишиња од 50 и 100 мл како парфем.
За неа! Boss The Scent Le Parfum
Boss The Scent Le Parfum For Her е создаден како поинтензивна и помоќна верзија на оригиналниот Boss Le Scent For Her, лансиран во 2016 година. Оваа интензивна реинтерпретација со препознатливиот Boss The Scent килибарски потпис, ги разгорува сетилата со привлечен цвет од портокал и ноти на ветивер, ослободувајќи алхемија на привлечност на која невозможно е да се одолее. Акорди од цвет од портокал и ветивер ги интензивираат елегантните ноти на Akigalawood – молекула користена за најсензуален потпис.
Композицијата нуди слатки и овошни аспекти на цветот од портокал во комбинација со розов бибер, придружени со сензуално и длабоко срце на ветивер, нагласувајќи ја енергичната страна на мирисот, за поставување на сцената за совршена бура на заведување. Основата ја интензивира сензуалноста и внесува возвишен допир на молекулата Akigalawood и есенција на пачули.
Шишето во облик на скапоцен камен со елегантна обоеност во нијанса на слива, комплетирано е со рефлектирачко капаче со розово-златен завршеток. Претставен во кутија обоена во длабока нијанса на слива, овој моќен мирис ја носи заводливоста во една сосема нова димензија. Достапен е во шишиња од 30 и 50 како парфем.