Мисијата на брендот Max Factor е да им обезбеди на жените ширум светот мејкап производи кои се лесни за користење, но да придонесуваат за истакнување на нивната убавина. Поради тоа создадена е течна пудра Max Factor Radiant Lift за да се задоволат потребите на жените.
Сега вашиот избор ќе биде многу едноставен: Radiant Lift Foundation!
Кога се двоумите помеѓу пудра која нуди свежина и едноставност и долготрајна пудра, отсега вашиот избор ќе биде многу едноставен. Искусете ја моќта на новата Max Factor Radiant Lift течна пудра со збогатената формула во комбинација со пигменти за долготрајност.
Дизајнирана да овозможи хидратација на кожата!
На луксузната формула додаден е комплекс на хијалуронска киселина, дизајнирана да овозможи хидратација на кожата. Во исто време инфузијата на микро бисери придонесува да се намали појавата на борите. Заштитниот фактор SPF 30 помага во спречување на знаците на стареење кои се појавуваат од штетните УВ зраци.
За природен изглед и природен тен кој ќе трае во текот на целиот ден!
Новата Max Factor Radiant Lift течна пудра е наменета за жени кои сакаат и бараат да постигнат природен изглед и природен тен кој ќе трае во текот на целиот ден. Едноставно, оваа пудра се нанесува наутро и трае во текот на целиот ден.
Потребите на жените доведоа до развој на пудрата Radiant Lift!
Конечно, жените можат да ја постигнат природната светлина на кожата што ја сакаат, благодарение на состојката за нега на кожата –хијалуронска киселина, без да се загрози долготрајното покривање. Нивото на хијалуронска киселина, супстанција која природно се појавува во кожата и ја заклучува влагата во кожата, се намалува со возраста, што може да доведе до сува и уморна кожа. Со додавање на оваа состојка во Radiant Lift, на лицето му се враќа природниот сјај. Покрај тоа, со додавање на SPF 30 се обезбедува зголемена заштита од штетните UVB зраци.