- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Омилениот сунѓер за нанесување на шминка во форма на јајце ги замени речиси сите четки за лице. Се покажа како совршена алатка за нанесување на течна пудра, коректор, камена пудра, контури и хајлајтер, а притоа сè изгледа совршено изблендирано! Сепак, најголема мана преставува како темелно да го исчистите, без да останат остатоци од шминка во него.

бјути блендер

На помош пристигнуваат проверени и најефикасни трикови за чистење на сунѓерот за шминка!

пред и потоа чистење на бјути блендер

4 ефикасни начини за чистење на сунѓерот за шминка!

#1 Сапун против флеки на облека!

Ако вашиот класичен сапун не ги отстранува ефективно дамките од пудра, особено оние потешките – не очајувајте! Купете го најевтиниот сапун против флеки на облека и измијте го сунѓерот за шминка со него. Резултатите треба да ве воодушеват, а вашиот сунѓер ќе изгледа како нов!

- Реклама -

темелно миење на сунѓер за шминка

треба добро да се исцеди сунѓерот за шминка

#2 Мешавина на масло и детергент за садови!

Ако дамките на вашиот сунѓер за шминка се стари и засушени – ќе имате проблем да ги отстраните само со сапун и триење. Потребно е сунѓерот да го потопете во чаша или стаклен сад во кој ќе ставете мешавина од вода, масло за чистење на лице и неколку капки детергент за садови. Оставете да отстои половина час, а потоа исплакнете го темелно под млаз со вода. Маслото би требало да ја раствори засушената пудра, а детергентот да ја измие од површината.

темелно миење на сунѓер за шминка со течен детерѓент

#3 Исчистете го во микробранова!

Овој вирален трик за чистење на сунѓерот за шминка веднаш ги запали социјалните мрежи и бјути заедницата. Се работи за најбрз и најелегантен трик за истовремено чистење и дезинфекција на сунѓерот за шминка.

Наполнете чаша или стаклен сад со вода, додадете малку течен детергент за садови и ставете го валканиот сунѓер. Ставете ја чашата или стаклениот сад со сунѓерот во микробранова печка и вклучете ја на една минута. Кога ќе ја извадете чашата од микробрановата печка, внимавајте бидејќи водата е ВРЕЛА. Почекајте водата да олади за да го исцедите сунѓерот. Ако останала некоја флека, повторете ја постапката. Ви гарантирам дека вашиот сунѓер ќе биде како нов!

Забелешка: Не ставајте го сунѓерот во микробранова печка без вода, бидејќи ќе се ИСТОПИ. Секогаш мора да биде во чаша со вода!

микробранова печка за темелно да го исчистите вашиот сунѓер за шминка

#4 Потопете го во мицеларна вода!

Одличен начин да ја искористите мицеларната вода која не одговара на типот на вашето лице и да го исчистите вашиот сунѓер за шминка. Наполнете половина чаша со мицеларна вода и потопете го сунѓерот. Оставете да отстои половина час и потоа исплакнете го со вода!

натопете го сунѓерот за шминка во вода