Беспрекорна пудра, врвен коректор… Во потрага по совршенство, YSL Beauté својата позната стручност во областа на целосното прикривање на несовршеностите на тенот, развива нови производи во својата веќе врвна мејкап колекција. Ви ја претставувам All Hours пудрата за фиксирање!
Подгответе се за совршенство со новите производи на YSL Beauté!
Надалеку познатата All Hours мат течна пудра за потполно 24 часовно покривање во која се колнат љубителките на беспрекорниот тен во целиот свет, добива нов производ од мејкап колекцијата All Hours. Кариката што недостасуваше во портфолиото на All Hour пудрата и коректорот сега е тука: пудра за фиксирање која дава мат изглед, за вашата кожа да биде без прекумерен сјај до 24 часа. Сите течни пудри можат да бидат донесени до совршенство со нијансите, исти со течната пудра All Hours и меѓусебно можат да се надополнуваат за совршен мат тен.
Пудра All Hours – нијанси за гламур!
Благодарение на транспарентните микросфери што го распоредуваат пигментот, лесно може да се нанесува пудра во слоеви за да се постигне посакуваниот завршен изглед, без сивиот тен кој често се јавува кај некои пудри за фиксирање. Абсорберите за себум се комбинираат со талк за да се постигне мат ефект и 24 часовно покривање. Додадени се навлажнувачи за пудрата да биде мека на допир и лесно да лизга по кожата, оставајќи мазен слој кој не ја суши кожата.
All Hours пудра за фиксирање – ќе го избегнете прекумерниот сјај, но не и стилот!
Покрај мат црното и сјајно златно пакување со логото на YSL со златни букви, овој елегантен додаток доаѓа со двостран сунѓер кој може да се искористи за нанесување на слоеви за поголема покривност или благодарение на микро влакненцата од другата страна, го апсорбираат маслото за матирање и корекции на пудрата. Оваа пудра е удобна за носење, свиленкаста и мека на допир и може да се нанесува во слоеви, овозможувајќи да го избегнете прекумерниот сјај, но не и стилот.
Универзална нијанса за светот во движење!
За долготрајни резултати во неколку секунди, новата пудра за фиксирање All Hours исто така достапна е во универзална – транспарентна нијанса. Ги носи сите предности како пудра за фиксирање, но без боја и може да го прикрие сјајот на кожата оставајќи транспарентен и незабележлив слој. Користете ја со четка за пудра за лесна покривност на Т-зоната или нанесете ја со сунѓер и со лесни движење за да додадете нов слој на покривност. Оваа пудра е совршена за поправка на шминката и матирање на кожата во движење во текот на целиот ден.