- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Таа знае што сака. Таа ги поставува правилата, но потоа ги крши. Но, сè што и треба е кармин.

YSL Beauté го претстави новиот The Slim Sheer Matte, кое е сè што некогаш сте посакувале од еден мат кармин. Тој е лесен и мат, но во исто време лесно се нанесува во слоеви за да ја добиете посакуваната покривност. Удобен е за целодневно носење и зрачи со висока мода.

Усни обвиени со кармин!

Прво беше претставен The Slim карминот со мат бои што целосно ги покриваше усните, давајќи им ефект на кожа. Сега брендот YSL Beauté го претстави новиот член во линијата Rouge Pur Couture: The Slim Sheer Matte.

За разлика од многу мат кармини за усни, благодарение на средното покривање на кое лесно се нанесуваат дополнителни слоеви, овој кармин е лесен и удобен за целодневна употреба. Вашите усни ќе бидат обвиени со овој лесен мат кармин и ќе биде истакната нивната убавина со транспарентен слој на боја.

- Реклама -

Карминот The Slim Sheer Matte е најдобар избор за суптилен изглед што ви дава глатка завршница и меко чувство со 12 неверојатни нијанси, кои заедно ја прават совршената линија на кармини, дизајнирани од глобалниот директор за убавина на YSL Beauté, Tom Pecheux.

The Slim, но во сребрена боја!

Грациозен како висока потпетица, карминот The Slim Sheer Matte доаѓа во ново сребрено пакување по што се разликува од претходникот The Slim кој доаѓа во златна боја. Пакувањето е како огледало, што посебно е корисно кога се нанесува, а исто така изгледа елегантно додека го вадите од вашиот џеб или чанта.

Визуелна кампања!

Влезете во светот на мат боите за усни на YSL Beauté со кој жените ги украсуваат усните и се подготвени сè што ги чека. На фотографиите направени од David Sims, софистицираните и одважни Zoë Kravitz и Edie Campbell на себе да го имаат само својот кармин.

Видео кампања!

Две жени. Потера. Серија на црвени линии, опасни ласерски зраци, кои е потребно да се преминат. Кој ќе стигне прв до целта? Во оваа возбудлива драма, потпишана од Can Evgin, а шминката направена од Tom Pecheux, Edie Campbell глуми провалничка.

12 нови дизајнерски бои создадени од Tom Pecheux!

101 – Rouge Libre – Оваа гламурозна нијанса што ја носат ѕвездите на медиумската кампања Edie Campbell и Zoë Kravitz и ја истакнува црвената боја на рибизла која одговара на сите тонови на кожа.

102 – Rose Naturel – Топла розова боја, како руменило за усни.

103 – Orange Provocant – Црвена со нијанси на портокал или портокалова со нијанси на црвена?

104 – Fuchsia Intime – Светла, истакнато розова боја за секој што сака да остави впечаток.

105 – Red Uncovered – Страстно црвена со суптилна нота на розова боја.

106 – Pure Nude – Бледа беж боја за совршен суптилен стил.

107 – Bare Burgundy – Темно кафеава боја за љубителките на оваа култна нијанса.

108 – Rouge Devetu – Зачудувачка бордо боја за моќен впечаток.

109 – Rose Dénudé – Модерна, богато розова боја што привлекува внимание.

110 – Berry Exposed – Темна боја на бобинки со допир на виолетова.

111 – Corail Explicite – Неодоливо кремаста и освежувачка корална боја.

112 – Raw Rosewood – Беж розова боја со допир на розово цвеќе.

#DRESSEDINROUGE