Кажете збогум на кармините што ви ги сушат усните! Новите Powder Kiss течни кармини од брендот MAC Cosmetics имаат нежна текстура, формула како пена и ги хидрираат усните до 10 часа со нежен мат финиш.
Посебната комбинација на смирувачки состојки овозможуваат меки, мазни и хидрирани усни во текот на целиот ден. Апликаторот на новите Powder Kiss течни кармини е во форма на песочен часовник кој совршено одговара на усните и со минимална количина на кармин се креира совршена контура на усните.
Нова формула и мат финиш!
Големиот избор на нијанси – од неутрални до интензивни, а во новата колекција на течни кармини се вклучени и некои од омилените нијанси, но со нова формула и мат финиш – Devoted To Chili, Mehr, Mull It Over и A Little Tamed.
„За овој производ сите беа воодушевени!“ – вели Regan Rabanal, MAC Senior Make Up артист.
„Powder Kiss течните кармини имаат мат финиш со свиленкасто нежен допир на усните. Интензивна боја, а воедно меки и хидрирани усни. Мој совет е да нанесете една преку друга нијанса за да добиете омбре ефект на преклопување на боите, токму како на листовите од цвеќињата“.
Единствено во MAC Skopje City Mall
MAC Powder Kiss течните кармини единствено се достапни во MAC Skopje City Mall. Цената на Powder Kiss течните кармини е 1600 денари.