- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Топлите денови значат само едно – време е за малку експериментирање со убавината! Летниот маникир ве повикува да ги заборавите класичните нијанси што нè следеа уште од есента – црвена, црна, сива или нуд, бидејќи сега дојде време за нешто сосема ново и необично! Ако пребарувате по социјалните мрежи, сигурно имате забележано дека девојките на Instagram повеќе се одлучуваат за откачени маникири со различни мотиви.

Од точки, преку Пикасо стил, до ефектниот tie-dye тренд!

Ова лето на вашите нокти добредојдено е сè – од вечните точки кои едноставно никогаш не излегуваат од мода и се совршен тренд за дамите кои преферираат класичен изглед, преку минималистички срца во црна боја кои изгледаат ефектно на нуд основа, до оние маникири кои потсетуваат на ремек-делата на големиот Пикасо! Овој маникир може да го обожаваат љубителките на минималистичкиот стил и ќе биде големо освежување и промена од стандардното лакирање во нежна розова или беж боја, што е најчест избор на девојките со минималистички стил.

Друг микро-тренд што се забележува на Instagram е tie-dye. Тоа е тренд кој не враќа во модата од деведесеттите години од минатиот век. Овој тренд прво се вовлече во нашите плакари, така што овој ефектен и откачен сегмент можеше да се најде на сите – здолништа, маици, марами… После ова, овој моден тренд се префрли во светот на убавината и само прашање на време беше кога бјути трендсетерките ќе го применат на своите нокти. Без оглед за кој маникир ќе се одлучите, едно е сигурно – нема да изгледате досадно и монотоно! Време е да се зафатите за работа ако имате доволно спретни раце или отидете со вашите желби во вашиот омилен салон за убавина. Се применува само едно правило – имагинација без граници!

- Реклама -