- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Секоја боја на очите има свои особености, а со цел тие потполно да бидат истакнати и да го направат вашиот поглед уште поубав и предизвикувачки, треба да ја пронајдете нијансата што ви одговара совршено – онаа нијанса на која никој нема да може да одолее!

Кафеава боја на очите!

При изборот на шминка за кафеави (кафени) очи, тешко дека ќе може да згрешите. Ако сакате неутрален мејкап изглед, најдобро е да користите земјани тонови, а ако сакате очите да ги истакнете во прв план, изберете темно сина, виолетова, зелена, па дури и тиркизна сенка. Овие смели и интензивни бои на сенки за очи, особено се идеални во текот на летото, при што маскарите во боја совршено ќе се совпаднат.

- Реклама -

Smokey eyes – совршен избор за специјални прилики!

Драматичен smokey eyes креиран од комбинација на маслиново зелена и сива боја и екстремно црни трепки ќе биде совршен избор за вечерни и специјални прилики. Тоа се однесува и на златни, бакарни и металик нијанси – воопшто!

Кафеави очи нагласени со црвен кармин!

Кафеавата боја на очите дополнително ќе биде нагласена со розово руменило, а црниот молив или туш за очи совршено ќе се вклопат со контрастни сенки. Од друга страна, со неутрални сенки, најдобро се совпаѓаат сиви моливи и туш за очи, но и  кармини со интензивни бои, пред сè најпогодни се црвените кармини.

Која е бојата на вашите очи и како ги истакнувате со помош на шминка? Пишете во коментари!