Вратете ја свежината!
Периодот на транзиција во новата сезона може да биде прилично исцрпувачки за вашето тело, посебно за кожата која добива сив тон. Со ладните денови се намалува сјајот, кожата станува сува, чувствителна и уморна и некако треба да го вратиме сјајот и свежината. Потребно е да се „испеглаат“ брчките, да се елиминират дамките од хиперпигментацијата, да се изедначи тенот и се разбира, да се заштити кожата од негативните надворешни влијанија. Во оваа борба, најдобри сојузници се козметичките производи кои содржат висока концентрација на активни супстанци и витамини.
Препорака за чистење!
Регенерацијата започнува со темелно чистење на лицето. Студот ја суши кожата, па затоа важно е да ги избегнувате сапуните, бидејќи тие можат дополнително да ја влошат ситуацијата. Млака вода, нежен тоник или други pH неутрални производи, ќе бидат доволни за отстранување на нечистотиите и маснотиите. Се препорачува лицето да го чистите два пати на ден, наутро и навечер.
Ноќта е вистинско време за регенерација!
Ноќта е вистинско време за регенерација и нега на лицето, бидејќи ноќниот крем содржи активни состојки кои многу подобро се апсорбираат и го чуваат епидермот. Додека спиете, вашата кожа не мирува, таа се обидува да ги неутрализира сите негативни ефекти на кои била изложена во текот на денот, па затоа мора добро да биде „нахранета“. Вашето лице ќе биде меко и мазно наутро.
Дневна заштита и нега на кожата!
Покрај што треба да обезбеди доволно количество на хидратација, пожелно е дневната крема, особено кремот за лице за сува кожа да содржи хранливи масла, бидејќи се формира заштитен слој кој нè штити од временските услови, особено од студот. Исто така, важно е кремот да биде богат со витамини, а УВ-факторот се подразбира без оглед на годишните времиња.
Извор на младоста!
Најважна улога во регенерацијата на лицето има серумот. Тој не е замена за крем, туку додаток за нега. Содржи висока концентрација на хранливи материи кои длабински влијаат на брчките, ги намалува, ја хидрира и затегнува кожата.
Се нанесува на чисто лице и врат, два пати на ден – половина час пред нанесување на дневен крем и половина час пред ноќна нега, со цел максимално да се искористат сите активни супстанции. Серумите може да се користат во текот на целата година или на преминот помеѓу годишните времиња. Иако нивната текстура е лесна, тие имаат многу посилно дејство од кремот, благодарение на хијалуронската киселина, најдобриот борец против стареењето. Серумите за подмладување на лицето ги намалуваат веќе формираните брчки, но исто така делуваат како превенција. Колагенот и еластинот ја враќаат еластичноста и тонусот на кожата, па воедно ја подмладуваат. Веќе по 30 години серумот може да стане ваша дневна рутина за нега на кожата и далеку најдобар ефект се постигнува во комбинација со крем против брчки.
За сите типови на кожа!
Се нанесуваат на цело лице, а комплексот на витамини кои го поседуваат ќе го врати сјајот на кожата. Тие се наменети за сите типови на кожа, но најдобро е да се изберат според индивидуалните карактеристики и специфичности. Некои формули содржат повисока концентрација на витамин Ц, па затоа се подобри за просветлување на хиперпигментација, но оние со киселини се одлични во борбата против прекумерно лачење на себум.
Пилинг и маска!
Во зима не треба да се претерува со пилинг, но повременото отстранување на мртвите клетки од површината на кожата ќе овозможи подобро продирање на навлажнувачките креми. Два неагресивни пилинзи месечно ќе бидат сосема доволни за лицето да блесне. Маските се уште една одлична форма за регенерација на лицето. Тие се нешто како SPA третман за кожата, обезбедуваат интензивна нега, освежување и длабока хидратација, само при нанесување избегнувајте ја областа околу очите и усните.