- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Не постои некој кој не сака парфеми, но многумина сè уште не го пронашле својот совршен мирис соочувајќи се со проблемот на избор на парфем. Премногу е сладок, премногу е досаден, премногу е интензивен… Се прашувате како да изберете парфем што идеално ќе се стопи со вашата кожа и сетила? Едноставно, само следете ги овие правила!

Купувајте парфем наутро!

Купувањето на парфем најдобро е да го започнете наутро. Вашите рецептори за мирис најдобро функционираат наутро и тогаш парфемите ќе ги чувствувате почисто и поинтензивно. Покрај тоа, воздухот во парфимеријата нема да биде полн со различни мириси од другите купувачи и парфеми што ги пробале.

Не го вдишувате парфемот веднаш по прскањето, почекајте малку!

Не брзајте при изборот на парфем. Парфемите содржат алкохол и не е препорачливо да ги вдишувате веднаш по прскањето, затоа што ги иритираат рецепторите во носот. За целосно да го доживеете парфемот, почекајте малку по нанесувањето. За тој временски период, целиот непотребен алкохол ќе испари и мирисот убаво ќе седне на вашата кожа со сите свои заносни ноти.

- Реклама -

Не заборавајте парфемот да го нанесете на вашата кожа!

Ако ви се допаѓа некој парфем, не заборавајте да го нанесете на вашата кожа. Постојат голем број на парфеми кои ќе го променат својот мирис во контакт со вашето тело и ќе мирисаат поинаку.

Одберете ја идеалната група на парфеми што најмногу ви одговара!

Важно е да ги поделите парфемите во групи и да ја пронајдете идеалната група што ви одговара. Постојат цветни мириси, цитрусни, дрвенести… Ова драстично ќе ви помогне во стеснување на мирисите што ќе ги пробате во парфимеријата за да избегнете грешка.

Побарајте помош од вработените во парфимеријата!

Во парфимериите има повеќе од 200 различни парфеми и невозможно е да ги пробате сите. Не двоумете се да побарате помош од професионалните вработени затоа што тие постојат за да ви го олеснат пронаоѓањето на парфемот кој ќе го обожавате.

Гуглајте! Пронајдете вредни информации за парфемите!

Пред да одите во парфимерија, погледнете ги парфемите што веќе ги имате и кои од нив најмногу ги користите. Запрашајте се зошто. Што е толку посебно кај нив? Зошто не користите некои други парфеми? Информирајте се за палетата на мирисни ноти и гуглајте, затоа што може да пронајдете вредни информации кои за цел живот ќе ви помогнат при изборот на нов парфем.