Новиот парфем од мирисното семејство J’Adore Dior е промовиран како J’Adore Eau de Parfum Infinissime и најавен е како бесконечно сензуална верзија на оригиналното издание.

Туберозата му дава уникатен шарм!

Мастер парфимерот на Dior, François Demachy на богатата цветна композиција на оригиналното цветно трио – Centifolia роза, самбак јасмин и Ylang-ylang му додаде опојна нота на тубероза од регионот Grasse (Грас). Според парфимерот, туберозата на овој парфем му дава уникатен шарм и укажува на силна и самоуверена женственост.

- Реклама -

J’Adore Infinissime е достапен во 50 и 100 мл, како Eau de Parfum.