- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Кога станува збор за култни производи, многу високо на списокот со производи е моќниот сојузник со потпис на козметичкиот бренд Estée Lauder. Се работи за Advanced Night Repair Synchronized Recovery Complex II, серум за лице кој има богата и долга историја.

Првата верзија на серумот беше лансирана уште во 1982 година, а во меѓувреме стана препознатлив по своето практично килибарно шише и верната „армија“ на жени кои го обожаваат и го опишуваат како вистински спасител кога станува збор за нега на лицето.

За неговите квалитети зборуваат и бројките – во светот на секои осум секунди се продава по едно шишенце од овој мал волшебник за убавина. Во прилог на ова е информацијата дека во 2014 година серумот беше прогласен за добитник на наградата Marie Claire Prix D’excellance de la Beaute. Се работи за престижна награда зад која стојат гласовите на бјути уредниците на меѓународните изданија на списанието Marie Claire, награда што ја освојуваат само најдобрите козметички производи.

Estee Lauder Advanced Night Repair серум за лице

- Реклама -

Уште еден моќен сојузник за убавина со потпис на Estée Lauder!

Advanced Night Repair Synchronized Recovery Complex II серумот е еден од најпрепознатливите производи на брендот Estée Lauder. Омилен е затоа што има бројни придобивки за кожата како што се: намалување на појавата на брчки и фини линии, го подмладува изгледот на кожата, ја навлажнува и ги обновува клетките.

Сепак, брендот Estée Lauder не застана со усовршување на формулата кај својот најпопуларен производ за нега на кожа, за да ги исполнува предизвиците со кои се соочуваме секојдневно. Така е создаден Estée Lauder Advanced Night Repair Intense Reset Concentrate, специјализиран серум за лице кој спремно одговара на секоја секојдневна стресна состојба што остава белег на кожата.

Кога размислувате за просечен ден во вашиот живот, многу е веројатно дека е составен од утрински ритуали, долги часови поминати на работа, бркотница низ градот и посакуваното релаксирање во вечерните часови. На тоа може да се додаде некое патување, без разлика дали се работи за деловно или приватно, како и сите оние пригоди кои го прават животот поубав, како што се родендени, промоции, свадби, раѓање на дете… Ова се настани што секојдневно ги среќаваме, но она што го забораваме е дека со минување низ секој од нив, во помала или поголема мерка се провлекува стресот, оставајќи белег на телото.

Без разлика дали функционирате под стрес или не, барем некои од предизвиците со кои се соочувате во секојдневниот живот ќе се рефлектираат меѓу другото и на кожата, нашиот најголем орган.

Видливо ги намалува знаците на стрес за само еден час!

За да се минимизираат последиците од стресот, неопходно е да и се помогне на кожата и токму тука доаѓа новиот Estée Lauder Advanced Night Repair Intense Reset Concentrate. Тој всушност делува како еден вид на ресетирање на кожата за исклучително кратко време – за само еден час видливо ќе ги намали сите иритации на кожата предизвикани од стрес, што го прави идеален сојузник во деновите кога нивото на стрес во вашиот живот се зголемува.

Estee Lauder Advanced Night Repair серум за лице

Познато е дека кожата изложена на стресни ситуации станува сива, безживотна и уморна, а на кожата се појавуваат иритации и црвенило и нејзината текстура може да стане груба и неизедначена. Ваквите појави на кожата можат да бидат пречки во секојдневна рутина за убавина и да предизвикаат проблеми во секој следен чекор од негата или шминкањето, затоа ни треба нешто што ќе делува во моментот да бидете подготвени за нови предизвици.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Estée Lauder (@esteelauder) on

Estée Lauder Advanced Night Repair Intense Reset Concentrate има патентирана формула која помага на кожата да се бори против црвенилото и иритацијата. Покрај тоа што е исклучително брз, потребно му е само еден час да го трансформира изгледот на кожата, истовремено зајакнувајќи ја нејзината природна отпорност и помага во борбата против штетните надворешни влијанија.

нанесување серум за лице

Новитетот со потпис на Estée Lauder може да се пофали со формула која ќе создаде навлажнувачка бариера за заштита на кожата и ќе го пополни изгледот на фините линии. За целосен впечаток и ефект препорачливо е да се користи со култниот серум за лице – Advanced Night Repair Synchronized Recovery Complex II.

Зборувајќи за надворешни влијанија, а со нив сите се среќаваме иако честопати не сме свесни, но и од секое патување, долгите часови на работа, климатските промени, како и важните настани што оставаат белег на кожата. Ваквите влијанија најдобро се намалуваат и решаваат со специјализираната формула што ја содржи Estée Lauder Advanced Night Repair Intense Reset Concentrate.